Канелони од палачинки

Палачинки полнети со пилешко и сирење

Палачинките за овој рецепт можете да ги подготвите и еден ден порано и да ги оставите во фрижидер.

Време на подготовка:
45 мин.

Време на готвење:
35 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 палачинки
  • 250 гр. пилешки гради
  • 250 гр. сирење
  • 200 гр. кашкавал
  • 200 гр. пармезан
  • 200 гр. печурки
  • 3 поголеми домати
  • 1 јајце
  • магоднос
  • 1 чешне лук
  • 1 кромид
  • босилек
  • ½ луто пиперче (по желба)

За палачинките

  • 1 јајце
  • 2 дл. млеко
  • 200 гр. брашно
  • 1 чаша вода
  • 1 прстофат сол
  • малку сода бикарбона
  • рузмарин, босилек и магдонос

Подготовка

За да ги подготвите палачинките прво во еден длабок сад матете го јајцето со миксер 2 минути. Потоа додадете ги сите останати состојки и продолжете со матење додека да добиете изедначена смеса. Печете ги палачинките на загреана тава намачкана со малку масло.
Пропржете го кромидот во тава со малку масло додека да омекне. Потоа додадете го пилешкото исечено на поситни парчиња. Кога ќе добие пилешкото златно жолта боја додадете сецкано луто пиперче, сецкани печурки, лук и магдонос. По десетина минути динстање тргнете ја тавата од рингла за малку да се излади. Во смесата додадете рендано сирење, кашкавал половина од пармезанот и едно јајце. Зачинете по желба со босилек, оригано, сол и бибер.
Со оваа смеса полнете ги палачинките и завиткајте ги.


Излупете ги доматите и потоа исецкајте ги на многу ситни парчиња. Можете по желба и да ги сомелете. Зачинете ги со сол и рузмарин. Во огноотпорна подлабока тава ставете 2/3 од салсата од домати. Потоа наредете ги палачинките.

Врз нив додадете го остатокот од доматите и пармезанот.


Печете ги 35 минути во загреана рерна на 200 степени.

25 јуни 2012 - 07:00