Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 700гр. тиква, исечена на мали коцки
- 300гр. макарони
- 100гр. урда
- 2 главици млад кромид, исецкан
- 2 лажици печени бадеми
- 2 лажици магдонос, сецкан
- 1 лажици босилек, сецкан
Прелив
- 60мл. маслиново масло
- 1 лажица вински оцет
- 2 лажички мед
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени. Ставете ги парчињата тиква на плех. Во сад измешајте масло, оцет и мед. Зачинете со сол и бибер. Половина од смесата истурете ја врз тиквата. Печете ја тиквата 20 минути.
Во меѓувреме сварете ги макароните во тенџере со вода според упатството на ринглата. Потоа процедете ги од водата и во цедилка исплакнете ги под млаз студена вода.
Ставете ги тестенините во длабок сад. Додадете ја печената тиква, урда, млад кромид, сецкани бадеми, магдонос и босилек. Зачинете ги со остатокот од преливот и промешајте.
Послужете го специјалитетот веднаш.