Брз десерт

Тирамису во чаша

Комбинација од домашен крем и готов колач за брз и вкусен десерт

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

5-6 лица

Состојки

  • 1 готов мермерен колач
  • 500 гр. урда
  • 3 жолчки
  • 3 белки
  • 4 лажици шеќер
  • 1 ќесичка шлаг пена
  • малку рум
  • малку амарето
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • какао
  • 1/2 л. црно кафе

Подготовка

Во еден сад добро изматете ја шлаг пената според упатството на ќесичката. Тргнете на страна половина од шлагот за декорација и во остатокот додадете ги жолчките, шеќер, ванилин шеќер, малку амарето ликер и урдата. Добро измешајте го кремот.
Во друг сад цврсто изматете ги белките од јајцата и потоа внимателно додадете ги на кремот.
Мермерниот колач (црно-бел сув колач го има во сите поголеми маркети) расечете го на парчиња.

Натопете го во црно кафе измешано со малку рум.
Распределете го половна од колачот во чашите за послужување. Врз него поделете го половина од кремот. Потоа повторете ја постапката со остатокот од колачот и кремот.


Декорирајте со преостанатиот шлаг и какао.

27 јуни 2012 - 07:00