Свет

Италија: Хуманитарните авиони за Украина носат оружје

Аеродромски работници од цивилниот аеродром Галилео Галилео во Пиза велат дека наместо храна и лекови, авионите кои полетуваат oд таму, а крајна дестинација им е Украина, носат оружје и муниција. Одбиле да ги товараат а синдикати најавуваат протести. 

Зошто Украина не и објавува војна на Русија, а и обратно

Русија многу пази официјално цело време војната да ја ословува како „специјална операција“, од друга страна Украина по три недели бомбардирање правно зборува само за воена состојба.

Како зборуваше Меркел во 2015

За германската канцеларка (во нејзините најсилни години од власта) тогашната криза во Украина е нерешлива со воени средства и само треба да се следи веќе постигнатиот мировен договор од Минск.

„Конвојот на слободата“ обвинет за обид за соборување на Трудо

Целта на протестот на „Конвојот на слободата“ била да се собори канадската влада преку окупирање на Отава, тврдат канадските разузнавачи.

Русија побарала воена помош од Кина?

По тврдења на американски функционери Русија побарала воена опрема од Кина за потребите на инвазијата на Украина, и стравот на истите овие функционери е дека тоа барање значи дека Русија и Кина се поблиски од што се предвидувало.

Омиленото воено сценарио: Хемиско оружје

Бидејќи не може за секоја голема војна да се убива по еден престоналаследник, се загрева една друга пробана и навежбана опција. Русите можеби ќе прибегнат кон хемиски напад! Затоа тие правеле голема приказна од украинските лаборатории, за утре-задутре да обвинат друг. Почиваш ли мирно, Садаме?

Џефри Сакс: Путин ќе ги издржи санкциите

Нереално е да се очекува дека со санкции, Русија ќе биде клекната на колена, вели познатиот економист Џефри Сакс. Според него, штетите од долготрајни санкции ќе се свртат кон Запад а нема ништо да се постигне во Русија. Потсети на Венецуела, Северна Кореја, Иран....

Трамп: Ова ли е тоа што го викате Русија?

Приватната компанија Јутјуб ладно го скина од платформата последното интервју на Доналд Трамп, претходниот претседател на САД и човек за кој на последните избори гласаа 74 милиони луѓе. Е што, да не можеше во советски медиуми да се појави Троцки во времето на Сталин?

СЗО: Украина да ги уништи опасните патогени. Русија: А зошто воопшто ги имале?

Светската здравствена организација побара Украинците да ги уништат сите високоризични патогени кои ги имаат во лабораториите. Русија побара да ги видиме документите со што сè „си играле“ во тие лаборатории.

Зеленски нема да се појави во Кнесетот заради реновирање

Украинските власти преку дипломатски канали побарале од Израел да дозволи Зеленски да одржи видео говор пред сите пратеници на Кнесетот. Израел со задоволство го прифатил ова, само говорот да е на Зум и да не е пред сите.

Био-лаборатории не постоеле и не постојат во Украина, освен ако ги прашаш американските власти

Мноштвото докази и новинарски извештаи потврдуваат дека приказната за био-лаборатории во Украина се руска измислица. Единствена пукнатина во овој бедем доаѓа од извесна Викторија Нуланд (американски државен потсекретар за Украина) за која се уште не е утврдено дали е извор на лажни вести.

И Европа може да се бори против Путин, со термостати

Намалувањето на температурата по дома за 1 степен значително ќе ја намали потрошувачката на гориво а со тоа и нивото на зависност на ЕУ од Русија.

Арапите не му креваат телефон на Бајден

Белата куќа неуспешно пробала да ги добие на телефон лидерите на Саудиска Арабија и Емиратите, за да поразговараат со Бајден околу проблемот со цените на нафтата.

И Кина се накачи на теоријата за американски био-лаборатории во Украина

Првичното предупредување на руските функционери, кое беше отфрлено како теорија на заговор, е дека САД во Украина ги имале некои од најопасните био-лаборатории на светот. Сега и Кина почна да ја интересира тоа што Русија го зборува.

Кансел дивизиите тргнаа на Мершајмер

Џон Мершајмер важи за еден од навлијателните американски политолози и е професор на Чикашкиот универзитет уште од 1982 година. Му најдоа „смртен грев“ кој не е нов туку од 2015 година. Но, за „разбудените“ никогаш не е доцна човек да биде лустриран, откажан и прогонет од јавната сцена.

И Французите почнаа да споменуваат атентат врз Путин

Елиминирањето на Путин е едно од можните решенија за ставање крај на војната во Украина, ќе порача поранешниот директор на француското воено разузнавање, Кристоф Гомар.

Би-би-си неутрален до последен Молотов коктел

Во известување кое до сега веројатно на памет го знае секој еден Украинец, еден од главните уредници на Би-би-си реши дека треба да објави водич за тоа каде треба да се гаѓаат руските оклопни возила со молотов коктел.

Егзекутиран преговарач од украинската мировна делегација

Украински и руски медиуми објавуваат дека Денис Киреев, член на првата преговарачка делегација на Украина во Гомел, ноќеска е убиен во Киев, наводно заради предавство.

Американците бараат јунак што ќе го убие Путин

„Некој во Русија треба да се охрабри“ ќе порача во живо на телевизија еден од највлијателните републикански сенатори, Линдзи Грем, повикувајќи некој близок од кругот на рускиот претседател да го убие Путин.

Војнава ќе трае 10 до 20 години?

Само десетина дена како започна руската инвазија на Украина а веќе ни се чини дека оваа војна трае предолго. Но, ако за пандемијата на почетокот ни велеа дека „следниве неколку недели се критични“, срањево може да потрае многу подолго, барем според западни проценки.

Меркел или Ши ќе го носат мирот во Украина?

Војната во Украина е трагедија и „дефинитивно е нешто што требаше да биде избегнато“ порачува поранешниот советник за надворешни работи на Думата, Андреј Кортунов.

Кој уште требаше да предупреди дека се оди кон војна?

Фасцинантен е бројот на стратешки мислители, вистински експерти и познавачи (од западниот свет) кои со години предупредуваа кон што води состојбата во Украина ако се продолжи со еднострана политика кон Украина. Никој не ги слушна и еве сега каде е работата. Некои веќе ги имаме поединечно објавено, но нека има и мало комплетче. 

 

Список на санкции и бојкоти против Русија

Не овие официјалните, државни, туку кои сè компании и организации одлучија под притисок на војната да го напуштат рускиот пазар без разлика на неговата големина и колку време биле таму.

Откако Бајден е на власт, на Израел му тргна со рушење

Откако Бајден дојде во Белата куќа, со брзо темпо расте стапката на уништување на имотите во сопственост на Палестинците од страна на Израел на окупираниот Западен Брег. Сега се руши двојно повеќе отколку во времето на Трамп.