За сега советот на Брајтон и Хов својата власт ќе ја користи за да им забрани на граѓаните палење скара на сите јавни отворени места под нивна јурисдикција, паркови, плажи и слично.
Гасењето скари е дел од агендата на Зелената партија, која управува со градскиот совет, градот до 2030 да биде јаглерод неутрален.
Одлуката базирана на студии кои тврдат дека скарите делумно се одговорни за зголемувањето на нивоата на ЦО2 низ светот, ги напна локалците на приморскиот град кои го обвинуваат советот дека со тоа сакаат да го уништат летниот туризам во градот.
Како што ќе кажат локалците, гасењето скари ќе направи „нула разлика“ во нивоата на загадување.
„Да ги натераш бизнисите да ги стишат светлата во сите канцеларии во градот на еден час, ќе заштеди повеќе јаглерод отколку гасењето на сите скари во Британија заедно,“ порачуваат локалците.
Тие што ја поддржуваат идејата, главно имаат проблем со тоа што скараџиите на отворено најчесто користат скара за една употреба и ја оставаат таму каде што правеле наместо да ја фрлат. Втора основа за поддршка на овој предлог е што луѓе не сакаат кога некој им прави скара на плажа, дур тие одмараат и слично.
Брајтон и Хов годишно брои околу 10 милиони туристи.