Ракомет

Атракција на Дибиров кој направи пируета на ревијален натпревар

Чеховски Медведи славеше јубилеј од 20 години постоење, а на спектаклот го повика и Тимур Дибиров кој го носеше нивниот дрес од 2004-та до 2013-та година. Шоу со освртување од 360 степени приреди во една контра еден на еден со голманот.

Да видите каков човек го води светскиот ракомет

Хасан е претседател на ИХФ, пред неколку недели по петти па го избраа за прв човек на светската ракометна федерација која ја води 21 година! На прогласување на медалисти на женско Светско првенство направи голем гаф. Не ни знаел кои играат иако го гледал големото финале.

Маестрален проектил на Лазаров со кој го однесе Нант во финале

Кире има 41 година и селекторски обврски, ама уште има топ во раката со кои решава натпревари. Каква спортска величина.

Голот на Дибиров во последна секунда со кој ја замолчи салата

Тимур Дибиров го имаше последниот збор на големото ракометно дерби кое заврши 27:27. Со пенал во финишот му донесе голем бод на Вардар кој може да се покаже клучен во битката за титулата. Сега и двете екипи имаат по 40 бода, но Вардарци имаат подобар меѓусебен дуел, бидејќи славеа во Скопје. Искусниот Русин ладнокрвно го матираше Секељ и ги замолкна Чкембарите, за голема гостинска радост.

Во пресрет на дербито, Пелистер спрема убава акција, Комити планираат гостување

Големото ривалство меѓу Вардар и Пелистер сезонава добива нов сјај. Откако веќе неколку години владее затишје со фудбалските клубови кои таворат во долгови и се клацкаат во прва и втора лига, ракометните колективи на двата клуба се во жестока битка за титулата.

Вујовиќ веќе не е тренер на Вардар, Комити го поздравија со објава

Познати се имињата на потенцијалните кандидати за нов тренер на клупата на двократниот европски првак.

Веселин Вујовиќ катастрофално го води Вардар

Седум порази во низа во Лигата на шампионите се доволна причина за да се преземе одговорност.

Махер број 1 на колото во ЛШ е голманот на Мешков Брест

Додека Пољаците го направија најјакиот ракометен пресврт во домашното првенство, голманот на Мешков Брест го изрежира најлудиот финиш во Лига на шампиони.

Блескавата партија на Анте Кудуз кој со 9 од 9 го торпедираше Кил

И покрај тоа што си заминаа поразени, вардарци одиграа добар натпревар против фаворитот Кил, а најсветла точна на паркетот беше Анте Кудуз. Левиот хрватски бек гаѓаше беспрекорно во Германија и оствари фантастичен 100% учинок 9/9.

Како се анулира предност од 4 гола во ракомет за 100 секунди?

И две децении подоцна, асоцијација за пресврт во фудбал ни е тоа што му го направи Манчестер Јунајтед на Баерн во финалето на ЛШ. За ракомет таков пример ќе биде овој од Полска.

Како се вика Македонија на шпански?

Женската ракометна репрезентација на Македонија не се квалификуваше на Светското првенство во Шпанија, но сепак ќе има еден претставник, а тоа е Драган Начевски во улога на делегат. Слушнете како го најавија на отворањето на мечот Шпанија - Аргентина. Чиста 10-ка за домаќинот уште на старт.

Кире во свој стил, во последен напад го спаси Нант од пораз

Му го дадоа само второто полувреме, а тој возврати со 5 гола, 3 асистенции и клучен проектил во финишот од 9 метри, за бод на гостувањето кај екипата на Гог во Европската лига, 29:29. Ете тоа е Кире Лазаров, човекот кој е навлезен во 42-рата година од животот.

Навивачите на Пик Сегед со парола на македонски за трагедијата во Бугарија

Во пресрет на дуелот од Лига на шампиони против Вардар кој се игра во четврток со почеток од 20:45, унгарските навивачи направија убав гест пред салата Јане Сандански.

Историски момент за ракометот, Тимур Дибиров стигна до 1.000 голови во ЛШ

Легендарниот Русин кој и на 38 години упорно гине за дресот на Вардар, стана четвртиот играч во историјата кој успеа да стигне до големиот јубилеј. Другите тројца кои го имаат остварено овој подвиг се Кире Лазаров, Никола Карабатиќ и Момир Илиќ.

Ракометен пенал на годината

Дански Алборг доминира во домашното првенство и планира со ѕвезден состав да ја освои и Европа во догледно време. На еден натпревар од данската лига го победиле Хелстебро 36:27, а момент на мечот бил пеналот на Бустер Јул кој притоа постигнал 7 гола и бил прв стрелец.

Голот на Кире Лазаров на листата најубави во Европска лига

Селекторот на македонската репрезентација и натаму растура по европските ракометни паркети. Кире Лазаров во триумфот на неговиот Нант против данскиот ГОГ постигна 4 гола од кои еден е избран на листата најдобри погодоци на колото во цела европска лига.

Чудесна ракометна мајсторија

Германката Лена Дегенхарт на пријателски меч против Русија се истакна со нетипичен гол од слободен удар. Стигнавме до едно 10 гледања и не можевме да сфатиме како го изведе ова и од каде ја протна топката. Малку појасно ќе ви стане на репетицијата. Се исчаши целата и го даде со некое чудно ефе.

Филип Лазаров раскажа анегдота од детството со Кире

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, реши долгиот животен пат до славата да го раскаже во книга, која тежи 230 страници. Вели дека ќе прочитаме работи кои до сега не сме ги чуле за него. Збор два на промоцијата доби и брат му.

Ракометарки на плажа се изборија да не мора да играат во бикини

Откако селекцијата на Норвешка за ракомет на песок беше парично казнета со 1.500 евра, односно 150 евра по ракометарка поради тоа што на Европското првенство во ракомет на песок се појавија во шорцеви, а не во бикини како што налагаа правилата од Светската ракометна федерација, се крена голема врева во женскиот ракомет на песок.

Никола Митревски со одбрана на колото во Лига на шампиони

Порто и Барселона го одиграа најдобриот меч на колото во Лига на шампиони. Домаќините иако беа тотален аутсајдер, на полувреме водеа со 17-14, а на крај Барса излезе задоволна со бод 33:33. Нашиот голман Никола Митревски денес во избор на ЕХФ и гледачите, ја има најдобрата одбрана на колото.

Вардар не успеа да се одбрани против Кил ниту со 8 играчи

Трет пораз на РК Вардар по ред во Лига на шампиони. По Алборг и Монпеље, скалпот на црвено црните им го зема и Кил и покрај тоа што на полувреме имаше -3 во Јане. Во еден момент Вујо се заборави и внесе 7 играчи на терен, 8 со се голманот. Норвешкиот стратег Бент Дал се мајтапеше за грешката и напиша: 

Српски тренер дели совети во Саудиска Арабија на свој англиски јазик

Tренерот се вика Бошко Јоловиќ и работи во Саудиска Арабија. Од дополнително инфо и немаме потреба, туку бараме да пуштат втор, па и трет дел. Старо, ама многу добро видео. И Џордан им го спомнува.

Еурофарм Пелистер ги кани Битолчани во фан зона

Новата сезона во Европската лига на ЕХФ, Еурофарм Пелистер реши да ја отвори со нова убава приказна која се надева дека ќе прерасне во традиција. Отворија фан зона која ја сефтосаа пред мечот со Ним, а сега ја најавуваат и за следниот меч против Татабања закажан на 23 ноември. Целта е дружење и забава пред натпреварите.

Вујо ги искара браќата Њокас

Вардар бележи втор пораз по ред во Лига на шампиони. По мечот против Монпелје во Скопје, црвено црните загубија и на гостувањето кај ланскиот финалист Алборг со 33:29. Вујовиќ ги загуби нервите поради млаката одбрана и лесните продори на Палмарсон, а потоа се сврте накај Њокас: Ок ли сте? Ова не е ракомет.