Ракомет

Голот на колото во ЛШ е дело на Сара Ристовска

Македонската репрезентативка која од 2019-та ги брани боите на ЦСКА Москва, изведе мајсторија која потсеќа на головите на Дибиров. ЕХФ го препозна ремек делото и го прогласи за број 1.

Мајстор Кире Лазаров на 41 година пука со цепелини во Франција

Влезе во години кога е најтешко да се опстои физички и да се држи форма, стана селектор, ама уште не се дава и дели лекции. Атракцијата на македонската ракометна икона од мечот меѓу Нант и Лимож, му ја сместија во листата на топ 5 голови на колото во францускиот шампионат.

Вујо: Секоја победа е најмалку 50% на нашата публика

„Амбиентот и емоцијата која ја има во Скопје, не може да се најде никаде. Противничката екипа понекогаш се губи во таква атмосфера“.

Голмански одбрани какви долго време не се виделе

Ветеранот од Приједор, Небојша Граховац има 37 години. Во 2010-та година од Босна Сарајево отиде во Шамбери и во францускиот ракомет брани ден-денес. Сега брани за Шарте а минатиот меч против Тулуз забележа две невозможни одбрани.

Седум години од разделбата на Вардар и Комити со Кале на која беше и Вујо

Тимот беше жив, армијата црвено-црна стоеше комплетно и безрезервно позади клубот, имавме екипа која беше на само чекор од најдобрите 4 во Европа. Емоцијата присутна насекаде, на секое столче во салата, во очите на сите присутни, кај Михајло, кај Вујо, кај сите нас...

Нова херојска одбрана на Митревски за победа на Порто во ЛШ

Чуварот број 1 на македонската ракометна репрезентација брани во животна форма. Само неколку дена откако влезе како џокер против Фленсбург и блесна, одново беше главна фигура на Порто за кој блесна со 16 интервенции.

Сите 7 гола на експлозивниот Њокас

За да не ги помешате, бидејќи се близнаци, овој пат проектили во Јане пукаше Оливие, кој го носи дресот со број 6, а брат му Кевин е 10-ка и со Мешков експлодираше со 8 од 8. Со залет, од место, со скок пук, без скок. Браќања се спектакл за гледање.

Најдоброто од Вардар против Алборг во 180 секунди

Цврсти на гол, борбени во одбрана, самоуверени и паметни во напад и пред сè мотивирани. Вардарци го имаат рецептот за нови радости во Лига на шампиони, а по Мешков Брест, му покажаа кој е газда во Јане Сандански и на Алборг. Уживајте во најинтересни моменти од триумфот над данскиот противник (30:28).

Кевин Њокас во ултрас издание со Комити

Едвај две недели има откако направи трансфер од Металург во Вардар, а веќе ги воодушеви навивачите и со вакви гестови им станува миленик. Њокас блесна против Мешков Брест со 8 од 8, а вечерва во дербито против Пелистер навиваше и скокаше од трибина како прав навивач.

Јуначка одбрана на Митревски во последна минута, клучна за победа на Порто во ЛШ

Чуварот број 1 на македонската ракометна репрезентација по која знае кој пат ги спушти ролетните, овој пат во улога на џокер за голема победа над Фленсбург од 28:27.

Голманот на Вардар долго ќе го памети првиот триумф во ЛШ

Мартин Томовски е прв голман, а Али Сафар од Кувајт е резервен во Вардар. Има 27 години а ова за него е прво европско искуство во кариерата. Висок е речиси два метри (1.99 см, тежи 106 килограми). Професионалната кариера ја почнал во 2014 во Алсалмиј а во 2019 доаѓа во Кувајт. Го викаат „пајак“ зошто брани маестрално.

Бомбастичното издание на Њокас кој експлодираше во Јане Сандански со 8 од 8

РК Вардар ја врати публиката и насмевките во сала, откако славеше убедлива и сигурна победа против Мешков Брест во Лига на шампиони. Францускиот ветеран Кевин Њокас ја запали вардаровата армија.

Митревски става глава, таму каде што други не бранат ни со раце

На пожртвуваноста на голманот на македонската ракометна репрезентација и нема крај. Ланска сезона одбрани силен удар со глава, интервенција која беше прогласена за една од најјаките на сезоната во ЛШ. Еве го сега пак.

Вујо до навивачите: Дојдете во сала, без вас Вардар не е Вардар

Вардарци на 30 август пуштија во продажба сезонски карти по цени од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, но во време на пандемија која нè отече година и пол, изгледа тешко им оди, па апел со поддршка до навивачите побараа и преку омилениот тренер на Комити.

Кошаркар на Реал Мадрид искрши табла при забивање

На дуелот меѓу Ангола и Зелонортски острови, мега ѕвездата на Реал Мадрид Еди Таварес постигна 20 поени со 18 скока но во последниот квартал тргна да куца и ја искрши цела табла во стилот на Шекил О’Нил на времето.

Борко Ристовски: Ќе дојде време кога ќе кажам поконкретно зошто не сум дел од репрезентацијата

Поранешниот голман на македонската репрезентација седна на „Жешко столче“, емисија на Јутјуб која со помош на нејзиното име и прашањата на водителот, знае да открие по некоја пикантерија во спортот.

Младите ракометни шампионки ја згрмија „Бисер Балкански“ во Литванија

Со победата над Исланд во финале, македонската ракометна репрезентација до 17 години направи сензација и го освои кадетскиот ЕХФ шампионат, а тоа им донесе пласман на ЕП, како и на Светско за следната година. Радоста е голема и заслужена, а во соблекувална изгледаше вака:

Огромен успех и злато за Македонија, кадетките го освоија ЕХФ шампионатот

Македонската женска ракометна селекција до 17 години направи неверојатен подвиг, откако на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија, урна големи репрезентации и ја освои титулата.

Вардар 1961 декларисан од Еурофарм Пелистер во Суперкупот, Столе доби црвен картон

Еурофарм Пелистер ја сопре хегемонијата на Вардар 1961 и славеше во Суперкупот на Македонија со убедливи 31-22. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играше само еден тим. Битолскиот состав ја прекина серијата од три трофеи на „црвено-црните“ во Суперкупот.

Вардарецот Гурбиндо со поздрав за Македонија

Шпанскиот ракометен ас Едуардо Гурбиндо чија сопруга Елена е Македонка, од Олимписките Игри во Токио упати поздрав со фотографија од македонското знаме.

Вардар ги доби противниците во Лига на шампиони

Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.

Снимка од РК Вардар – РК Пролет, 1975 година

Да разбиеме малку од фудбал. На Јутјуб деновиве се појави видео во црно бела боја, но со одличен квалитет од ракометен натпревар одигран во време на Тито. Клубовите ни се многу добро познати, ама актерите не. Веројатно ќе се препознаат.

Во топ 10 одбрани на сезоната во ЛШ влезе и лудачката на Никола

ЕХФ не ја заборави пантерската интервенција на Никола Митревски против Пиг Сегед и заслужено ја смести во најјаките на сезоната во Лига на шампиони. Погледнете го што направи, се фрли како Џиџи Буфон и со глава му ја фати.

Навивачка од глупост направи страшен хаос на Тур де Франс

Култната и најпозната велосипедска трка на светот, Тур де Франс за разлика од претходното издание, овојпат се вози со гледачи. На стартот се случи голема хаварија за која е крива една девојка.