Само 10 месеци откако УЕФА го укина правилото „гол на гости“, истото го стори и ЕХФ.
Правилото важи за сите клупски и репрезентативни натпреварувања кои се под капата на ЕХФ, почнувајќи од наредната сезона 2022/2023.
Според ова правило во случај на реми на двата натпревари, патникот во следната фаза нема да се решава според тоа кој тим постигнал повеќе голови на гости, туку ќе има пенали, што е ретко кај ракометот за разлика од фудбалот.
Со оваа голема промена која се донесе по барање на Комисијата за натпревари, се очекува да нема толку тактизирање во однос на реализацијата.
Што значи ова во пракса за тие што помалку следат спорт и можеби не разбираат?
Ако во нокаут фаза имаме резултат како: Вардар – Барселона 25:25 па на реваншот Барселона - Вардар 26:26, Вардар нема да оди понатаму поради поголемиот број голови на гости, туку ќе се изведуваат пенали.
УЕФА го укина ова правило лани во јуни, а беше старо 56 години.