Ракомет

Манасков како хиена му се пушти на Лазаров

Ракометарите на Веспрем го совладаа Нант во реванш четвртфиналето од ЛШ со 32:30, но победата е пирова, бидејќи францускиот состав славеше +4 на првата пресметка. Во превод тоа значи дека кралот Кире Лазаров на 41 година го завери седмиот фајнл фор во кариерата.

41-годишниот Лазаров со одлична партија во Лига на шампиони

Ракометарите на Нант одиграа сјаен натпревар во четвртфиналето против Веспрем (32:28) а еден од најдобрите поединци во францускиот состав беше нашиот селектор и капитен Кирил Лазаров со 4 постигнати гола.

Кире Лазаров во ЛШ (1995 - 2021)

Историјата на ракометниот великан во елитното натпреварување почнува во дресот на Борец Велес против Динамо Букурешт кога имал само 15 години. И сега на 41, кои ги наполни пред два дена, во дресот на Нант против Веспрем ќе го игра 17-то четврфинале, што е апсолутен рекорд.

Рекорди и успеси од мега кариерата на Кире Лазаров кој полни 41

Од неодамна не е само играч и капитен, туку и селектор кој истовремено дели совети и пука проектили. Човек мултитаскинг кој со тројна улога го урна светскиот првак Данска. ЕХФ му даде врвни епитети: Крал и господар на ракометот. Па што повеќе од тоа.

Шоу на Митревски и тоа фудбалско

Нов блесок на голманот на Македонија во португалскиот шампионат и тоа во големото дерби Порто - Спортинг. Домаќините славеа 33:30 благодарение најмногу на јуначките интервенции на Никола, особено во клучните моменти на 30:30.

Македонија доби елитна група на Европско првенство 2022

Следната 2022-ра, од 14 јануари до 30 јануари ќе се одигра 15-то ракометно Европско првенство. Домаќини ќе бидат Унгарија и Словачка во вкупно 5 сали.

Победа на Македонија против Финска за шесто учество во низа на ЕП

И покрај фаворитската улога, македонската ракометна репрезентација со многу тешкотии го доби гостувањето против Финска и со тоа го завери учеството на ЕП 2022.

Колку пива има испиено Страхиња Милиќ во една вечер?

Имаме ние една инсајдерска информација за неговата фасцинантна бројка остварена во скопски ноќен клуб, ама Џамбо не поби и тоа со малку повеќе од тоа што ние го знаевме. Ако некој има намера да се такмичи со него, го советуваме воопшто да не почнува.

ЕХФ за Кире: Господар на ракометот

Уште не спласнати импресиите за Пандев, ете ти ја другата наша најголема спортска гордост, Кире Лазаров, величина на која Европа му се поклонува по многу основи. Неговите бројки во Лига на шампиони се следниве: 20 сезони - рекорд, 1.467 - рекорд, а од синоќа и 250 настапи - рекорд. Следен месец дува 41. Каква играчина, такви бројки.

Кире Лазаров стана рекордер во Европа по број на настапи

Скоро и да нема рекорд во европскиот и светски ракомет кој не му припаѓа на нашата спортска икона. Кирил Лазаров е апсолутен рекордер по број на голови во Лига на шампиони, а вечерва постави уште еден рекорд кој тешко дека некој ќе стигне во догледно време.

Што направи бе мајсторе, не е ова одбојка?

Немања Илиќ од Тулуз го погреши спортот за момент, ама ништо страшно. Гол е гол. Снаодлив е човекот.

Ракометната треска во Битола со Пелистер и Чкембари

Кога веќе носталгично се враќаме на тема скопско Кале и атмосферата што ја правеа навивачите на Вардар, чесно е да се напомене и можеби најдобриот амбиент во сала кога станува збор за ракометни натпревари.

ЕХФ потсети на епскиот гол на Чупиќ за Вардар

Без разлика што се поминати четири години, кога ЕХФ треба да објави историско видео парче од својата архива, не го заборава историскиот успех за македонскиот ракомет. Каков момент беше ова. Скопје експлодираше од возбуда.

Убедлив пораз на Македонија, не оди без ветераните

Без Кире Лазаров како играч, Филип Миркуловски и повредениот Столе Стоилов, македонската ракометна репрезентација немаше сили за уште една сензација против светскиот првак Данска. Одма е подруго без нив.

Кире ги караше на тајм аут Кузмановски и Талески

Со оглед на тоа што дел од ветераните се повлекоа, а нема вечни да бидат ниту другите, од двајцата наши бекови и имењаци се очекува да бидат носители на играта на Македонија. Што значи Лазаров со право на два тајм аути им се обраќа со критики, но и со совети дека треба да играат послободно.

ЕХФ: Кире е мултитаскинг

Европа е воодушевена од двојната улога на Кире Лазаров кој блесна како селектор/играч. Нашата ракометна икона синоќа покажа дека на 40 години може да игра, а истовремено да ги советува сите други како да играат за да го урнат светскиот првак Данска. ЕХФ го величи.

Срцето на Миркуловски кој втор пат прави кам бек за Македонија

На толку јадење ќотек и за клуб и за репрезентација, Филип Миркуловски на повикот на Кире, одговори од Германија со „Доаѓам“. А 37 години има, возраст на која ретко кој би се вратил и би одиграл толку јако и со душа. Па добро се троши ли овој човек?

Европа зборува за успехот на Македонија и Кире Лазаров

Како ретко во кој спорт и како ретко кога во историјата еден селектор во исто време играше со своите играчи и го совлада светскиот шампион кој дојде во полн состав. Цела Европа пишува за чудото во Скопје.

Пантерските одбрани на цар Никола

После 3 одиграни кола во квалификациската група 7 за Европско првенство 2022, Македонија има 3 победи и е прва во група со светскиот шампион Данска. Вечерва во Скопје Данците беа спружени на колена. Голем удел во триумфот имаше и неверојатниот Никола Митревски кој бранеше еуфорично.

Проектилот на Кире за историја - прв гол како селектор

Изјавата на данскиот селектор дека со репрезентацијата на Данска е долго време, а одамна не му се случило да загуби на ваков начин доволно говори за блескавата партија на македонските ракометари. Вечерва во Скопје не се знаеше од каде се удира по голот на светскиот шампион. Лазаров како селектор-играч постигна 4 гола.

Лудиот цепелин на Лазаров и Талески

Вечерва во ракометна Европа одекна бомба. Македонија со блескава игра го разубаве дебито на селекторот Кире Лазаров и ја совлада Данска која пред мечот беше апсолутен фаворит. Кире реши да влезе во игра некаде во средина од првиот дел и веднаш сервираше „ладен цепелин“.

Сензација на Македонија, победен светскиот шампион Данска!

Нова, полетна, снажна и храбра Македонија вечерва во Скопје го урна актуелниот светски првак. На дебито на новиот селектор Кире Лазаров кој беше и во улога на играч, најдобрите македонски ракометари го одиграа можеби мечот на своите кариери и триумфираа 33:29.

Вардар поразен од Мешков, во 1/8 финале го чека моќниот Веспрем

Ракометарите на Вардар неславно ја завршија групната фаза во Лига на шампиони. Вечерва во Скопје Мешков Брест беше подобар: 32:36 и тоа значи дека црвено-црните во следна фаза ќе ги чека пеколен противник.

Мајсторијата на Шилегов од мртов агол заслужено во топ 5

Со ремито против Адемар Леон, Металург ги заврши настапите во Лигата на Европа сезонава. Атракцијата на Мице Шилегов во стилот на Дибиров влезе во топ 5 листата на најјаки голови во последното коло од групната фаза во ова натпреварување.