На ждрепката во Берлин, избраниците на Кире Лазаров за противници ги добија Португалија, Турција и Луксембург.
На ЕП 2024 ќе играат прво и второпласираните репрезентации, како и најдобрите четири третопласирани.
Група 1: 1. Португалија 2. Македонија 3. Турција 4. Луксембург
Група 2: 1. Норвешка 2. Србија 3. Словачка 4. Финска
Група 3: 1. Исланд 2. Чешка 3. Израел 4. Естонија
Група 4: 1. Австрија 2. Украина 3. Романија 4. Фарски Острови
Група 5: 1. Хрватска 2. Холандија 3. Грција 4. Белгија
Група 6: 1. Унгарија 2. Швајцарија 3. Литванија. 4. Грузија
Група 7: 1. Словенија 2. Црна Гора 3. Бих 4. Косово
Група 8: 1. Франција 2. Полска 3. Летонија 4. Италија
Квалификациите стартуваат на 12 или 13 октомври оваа година и ќе се играат до април 2023-та, а од вкупно 32 учесници, 20 одат на континенталниот собир во Германија.
Четири репрезентации веќе имаат место на турнирот. Тоа се Германија како домаќин, финалистите од последното Европско првенство, Шведска и Шпанија, како и освојувачот на бронзениот медал Данска.
ЕП 2024 година ќе се одржи од 12 до 28 јануари.