Фудбал

Веројатно најјакиот лоб во женски фудбал

Мана Ивабучи од Јапонија vs Шпанија. Мајсторски, наповторливо и невидено во машки фудбал, озбилно.

Барем некој ќе профитира од одложената Јуве – Милан

Брзото ширење на корона вирусот тотално ги комплицира спортските настани, особено во Италија, која е најзаразена земја во Европа. На Јувентус стадиум синоќа немаше фудбал, ама па тоа придонесе да чуеме една убава вест.

Разврската во Серија А и мерките поради корона вирусот

Италијанската влада со декрет одлучи фудбал да се игра без публика до 3 април. Донесени се и 18 правила кои треба да ги почитуваат играчите и тренерите. Распоредот на натпреварите се компликува се повеќе и од што нема многу опции за измени, не можат ни да го изгласаат.

Контрата на Лидс за учебници во школо

Лидс Јунајтед сигурно чекори кон голем пласман во Премиер лигата. Во Чемпионшип играат одлично. На последниот меч го згазија Хал на гости со 0-4 а еден од двата гола на Тајлер Робертс дојде после контра што треба да се предава во школи. Измуител се знае кој е: стариот волк Марсело Биелса.

На кое дереџе падна Роналдињо, да го апсат за фалсификуван пасош

Еден од најголемите бразилски фудбалери на сите времиња синоќа бил уапсен во Парагвај поради тоа што влегол во земјата со фалсификуван пасош. Не му е првпат со брат му да прави ујдурми.

Слалом и шоу на Мбапе од 70 метри

ПСЖ го смачка Лион на гости 1:5, а момент број 1 за издвојување е овој, веројатно најјак гол на Мбапе сезонава од индивидуална акција. Некои велат во стилот на Жорж Веа. Ние би рекле велеслалом како Алберто Томба.

Царот си запишал на шише Тотенхем кај шутира пенали и им ги одбрани

Холандскиот ветеран, голманот Тим Крул е специјалист за пенали. Тој е оној голман кој еднаш Луј Ван Гал на Светско го стави наместо првиот голман во продолженија, за да може да брани пенали. Тогаш стана херој на Холандија, а синоќа јунак на Норич кој на пенали го тепаше Тотенхем среде Лондон.

Дајер бе што ти бидна?

Тотенхем синоќа беше исфрлен на пенали во ФА Купот од Норич, а натпреварот го одбележа инцидент кој се нема случено во англискиот фудбал од времето на Ерик Кантона, а тоа е фудбалер да нападне навивач.

Каква е оваа голманска реакција во Хрватска?

Автогол кој ќе влезе во најтесна конкуренција за најсмешно видео инсерти падна во прволигашкиот хрватски фудбал. Автори се двајца играчи од Горица, односно тој што дегажирање и ова голманчево што реагираше како да е фатен и во раце и во нозе. Тоа е таа реакција на коментаторот: Ај, јој.

Ваква мајсторија во македонски фудбал ретко се гледа

Шкендија го елиминираше Работнички во четвртфиналето на македонскиот Куп, а за гол на мечот и сезоната во ова натпреварување, без конкуренција треба да биде прогласена оваа мајсторија на Бесарт Ибраими. Ремек дело на поранешниот македонски репрезентативец.

Баба му од Шкотска дошла да гледа како Били го скроти Ливерпул

Цела вечер икони на англискиот фудбал како Френк Лампард и Алан Ширер да зборуваат за тоа колку храбро, самоуверено, дрско и сјајно си играл против екипа каква што е Ливерпул, а имаш само 18 години, значи дека мора да си Били Гилмур.

Индиска фудбалска патетика

Коментаторот е 1000% во право и целосно го поддржуваме. Ова е апсолутно патетично и лош пример за помладите, бидејќи ова не е фудбалот што треба да го гледаме. Мизерниот потег ни доаѓа од Индија.

Панчев: Забранија фудбал со публика, а кај нас на стадионите има корона 10 години

Златната копачка за 1991-ва се изјасни на многу теми како Звезда, Вардар, балканска лига, потоа го искритикува Мрме, му даде совет на Јовиќ, а направи и една непотребна споредба со која го омаловажи спортот, кој испиша нова спортска историја во Македонија.

Клоп, да не е до писмото?

Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?

Милер, корнер е во прашање, не испит за пилот

Дојде време кога Баерн Минхен и германската репрезентација полека но сигурно ќе треба да им се заблагодари за сè на некои ветерани како Томас Милер, Мануел Ноер, Жером Боатенг и други од таа генерација која освои многу трофеи со Баварците и „маншафт“, ама веќе е во позни фудбалски години.

Германски четвртолигаш пишува преубава бајка, стигнаа до полуфинале на Куп

Фудбалерите на четвртолигашот Сарбрикен ја творат најубавата сторија сезонава во германскиот фудбал, откако исфрлија уште еден сериозен бундеслигаш и се пласираа во полуфиналето на Купот после 20 изведени пенали!

Најголемото промашување на 21 век се случи во Бугарија

Се вика Лукас Масуеро, доаѓа од Аргентина и оди во Бугарија во Локомотив Пловдив да го оцрни и онака не баш популарниот фудбал. Луѓе ова нема логика, пет пати го изгледавме.

Фабињо, што ти направи детево бе?

Челси го елиминираше Ливерпул во ФА Купот со триумф од 2:0, а Лампард во игра пушти 18 годишен клинец по име Били Гилмор. Сите денеска зборуваат за неговиот перформанс, а Фабињо си заминал дома со црвени обравчиња.

Многу чувство треба за ваков гол со пета

Копа Либертадорес уште е во групна фаза, ама се загрева полека она што ќе следува. Атлетико Параненсе од Бразил го доби Пењарол од Уругвај со маестрален гол на Гиљерме Бисоли во 77’ минута. Маестрален.

Што е па сега со тензијава за карти пред стадион?

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти билетите во продажба за полуфиналниот меч од Лига на нации меѓу Македонија и Косово. Уште прв ден имаше голем интерес, ама и една утка која ги изнервира тие што чекаа ред.

Македонија ја доби групата за новото издание на Лига Нации

Македонските фудбалери, по баражот со Косово и цврсто веруваме историскиот пласман на Европско првенство 2020 летово, наесен ќе игра во група Ц од новото издание на Лига на нации.

Најновиот порно филм на навивачите на Лацио

Јуве има голем и силен ростер од кој може да извади две екипи и моќ која ја демонстрира 8 години по ред во Серија А. Интер донесе сериозен тренер и направи јаки трансфери кои му даваат за право да се надева на прво место, но таму од викендов е Лацио кој сезонава се однесува како Лестер пред некоја година.

Ау мајсторе што волеј ќе беше ова

Во 4. коло од лигата на Република Ирска се сретнаа Шамрок Роверс и Дандалк, два клуба кои во последните сезони најчесто ја претставуваат оваа земја во еврокуповите. Домаќините победија 3-2 и сега се први на табела со 12 бода. Ама вториот гол за гостите што го даде Џордан Флорес тешко дека нема да влезе во трка за гол на сезоната.