Руската фудбалска лига се врати после долга пауза и од прва имаше историски но и помалку скандалозен натпревар. Дуелот Сочи - Ростов на Олимпискиот Стадион во Сочи пред лимитиран број гледачи донесе историски рекорд но и храбри деца кои им се спротивставија на сениорите.
Фудбалскиот клуб Сочи не сакал да го одложи мечот против Ростов иако гостите имаат скоро цел прв тим позитивен на КОВИД-19, па на Ростов не му останало ништо друго во ситуација кога може службено да изгуби бодови, па одлучиле на гостување да го пратат младинскиот тим со неколку кадети меѓу нив (воглавно деца родени 2003, 2004, 2005 година)
Интересно, на огромно изненадување на руската јавност, клинците од Ростов го отворија резултатот уште во 47 минута.
На крајот далеку поискусните, поспремни и физички појаки сениори на Сочи победиле со 10:1, но сите зборуваат за клинецот на голот на Ростов Денис Попов (роден 2003-та) кој одбранил пенал и поставил рекорд во руската лига со дури 15 одбрани! На крај иако примил 10 гола што беше крајно очекувано затоа што играа против професионални сениори, Попов бил прогласен за играч на мечот.
Ова сега е највисока победа во историјата на рускиот фудбал. Претходните рекорди ги држеше Зенит којшто на 5 октомври 2008-ма го растурил Луч Енергија со 8:1 а на 9 август 2014-та Торпедо исто со 8:1.
Хајлајтс од мечот:
Лудориите на голманот на Ростов Денис Попов кој ништо чудно наскоро да го видиме во репрезентацијата на Русија после ваков настап: