26 годишната Стаменка Трповска мора да оди на втора итна операција во Белград бидејќи има проблеми со колкот, но за да ја направи потребни и се 3.000 евра кои ги нема.
Скопјанката моли нејзината објава да биде споделувана, а тоа го прават и Inter Tifosi Balkan кои на Фејсбук ги следи Марсело Брозовиќ. Хрватскиот репрезентативец за помалку од еден час по објавата џентлменски го реши случајот и веднаш ги уплати парите. Цар.