Фудбал

Пробале Американци да го тролаат Бекам

На отворањето на сезоната во американската МЛС фудбалска лига, клубот чиј газда од скоро е Дејвид Бекам, Интер Мајами,  изгуби со 1-0 од Лос Анџелес. Домашните навивачи го начекаа Бекс сам во вип ложата, па го скандираа најглупиот трол некогаш слушнат на трибини.

Стариџ кажувал да се кладат за кој тим ќе потпише, сега го репнаа драстично

Нека не ве чуди насловот. Во Велика Британија обложувањето е од век и векова и таму може да се кладите на буквално што ќе посакате. Така комшии, роднини и другари на Стариџ добиле „дојава“ од него за кој тим ќе потпише, ама на крај останале со празни раце. Сега плус и ФА го одра.

Па не е нормален Тоти и во пензија

Не поминаа ни два месеци откако го снимаа и му викаа дека е луд за тоа што го изведе од слободен. Во тој удар имаше сила и ефе. Во овој има нешто што се вика фудбалска интелигенција, која не избледува без разлика што има 43 и игра фудбал само во балони.

Пукна тиквата во Милан, Бобан заминува, Малдини веројатно исто

Трофејниот италијански клуб никако не може да фати континуитет. Овојпат проблемот не е толку на теренот колку што е горе во управата. Бобан добива шут-карта затоа што крена глас, Малдини ќе си оди со него по сè изгледа.

Од таму мајсторе ни Фиго не ја коваше

Се вика Леѓан Мемушај, член е на Пескара и селекцијата на Албанија и изведе удар кој двајца голмани не го бранат. Од таму обично крилата нафрлаат, а овој мртов ладен ја спука во гол со лудачки лоб.

Во Полска имаат поразлична перцепција за корните

Од прва делува збунувачки, бидејќи толку неочекувано го искомбинираа ова што нема да сфатите кој од каде влета. Тројца ја изведоа шемата на мајсторски начин. Браво, доктори за правење акција од корнер.

Како ќе изгледа новиот формат на Лига на нации и што значи за Македонија

Со ждрепката во вторник од 18 часот во Амстердам, почнува новото издание на Лига на нации (Nations League), второ по ред. Се зголемува бројот на натпревари, се менува форматот на лигите и групите.

Братче први сме а?

Викендов во италијанскиот фудбал се поклопи една ситуација, односно коинцидент кој толку е неочекуван, што можеби и се нема случено во друга лига. Тренерите на првопласираните екипи во прва и втора лига се браќа.

Умре ваквиот фер плеј

Лажат за аут, корнер, фаул. Се тркалаат на земја за да изнудат црвен во машки дуел на центар на игралиште, така што овој пример од Бундеслига е непоимлив за 90 и кусур проценти од играчите. Арон Хант од Вердер пред шест години беше џентлмен број 1 во светот на фудбалот.

Што играчиште беше Ешли Кол на времето

Роден на 20 декемри 1980-та во Лондон, Ешли Кол најголемиот дел од кариерата ја мина во овој град. Прво зод академијата на Арсенал направи 7 години кариера во првиот тим на „топџиите“ (2х титули во Премиер). Одигра 156 натпревари, па после на кратко беше во Кристал Палас пред да стане клупска легенда на Челси со кого од 2006 до 2014 освои Лига на шампиони, Премиер лига и Европа Лига. Два пати беше биран во најдобриот тим на УЕФА, а еднаш го избраа за играч на годината во Англија.

Невидена мајсторија на Карлос Вела и финиш со лоб

Да, Ибрахимовиќ беше ѕверка во американската лига, медиумски атрактивен и плус се изнадава голови. Ама замислете дека има лик кој во МЛС е уште појак од Златан. Лани Мексиканецот Карлос Вела беше убедливо најдобар стрелец во МЛС, а сезонава ја отвори со страшен гол против клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Голов беше победнички.

Кандидатот за најлош шут на годината

Во првото коло од новата сезона во МЛС, Колумбус Кру освои три бода откако го победи Њујорк ФЦ, ама шутов на Луис Дијаз ако се појави на избори за најлош обид за шут, ќе го гласаме.

Саво и Деки реални и искрени со свој речник

Да ги одмориме малку Клоп и Мурињо и да видиме како изгледаат шегите на балкански терен. Во очи на големото дерби Звезда - Партизан, поранешните српски репрезентативци Милошевиќ и Станковиќ на симпачитен начин направија смешка во прес центарот.

Улична тепачка меѓу навивачи на Црвена Звезда и Партизан

Белградското вечно дерби се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ и заврши без голови. Пред, за време и после дуелот низ градот имало неколку инциденти меѓу навивачите на двата клуба.

Нестварен фудбалски потег во Полска

Нема зборови што може да го опишат ова ремек дело од интервенција во полскиот прволигашки фудбал. Дечково се вика Мачеј Домбровски, игра за последнопласираниот Заглебле Лубин и во обид да расчисти опасност го направи најневеројатното.

Зошто Хофенхајм и Баерн Минхен цели 15 минути само си ја подаваа топката?

Баерн гостуваше кај Хофенхајм и славеше со убедливи 0:6, но она што го направи овој меч ударна вест во сите спортски медиуми беше нешто сосема друго.

Во Мексико падна голот на сезоната

Андре-Пјер Жињак е повремен француски репрезентативец. Веќе неколку сезони е главен играч во мексиканската лига. Игра за Тигрес. Синоќа на мечот против Пумас даде три гола од кои третиот му беше тотално луд.

Најбаналниот автогол на сезоната е дело на голман во Франција

Толку е ова глупо, што човек не може да го сконта и објасни, а се случи во втората француска лига на мечот Каен - Гренобл конечни 2:0. Па ова не проаѓа ни на тренинг.

Адеми ја тресна Ријека за само 24 секунди

И покрај тоа што има задача да држи среден ред, Аријан Адеми често знае да се пробие во шеснаесетник како воз. На мечот Динамо - Ријека тоа го направи за рекордно време во кариерата и го постигна веројатно еден од најбрзите голови во хрватскиот фудбал.

Грам респект да се немало

Сите ние познаваме барем по еден јак жонглер во маало кој броел до 100. Ама тоа обично го правел додека се загреваме за фудбал или серва. Ова е друго.

Пуздер правам од противнички играчи

Арсенал и Олимпијакос одиграа луд реванш од Лига Европа. Со продолженија, со голови, со пречки, со шанси со драма. Интересен беше и слаломот на Николас Пепе кој издрибла пола екипа на Олимпијакос, ама залудно.

ЛЕ: Јунајтед против изненадувањето на сезоната

Од неколку прифатливи противници, Рома падна против клубот кој најмногу во историјата го има освојувано трофејот во Лига Европа и буквално „ја сврте игрицата“ во ова натпреварување. Интер против незгодниот Хетафе.

Штосен пенал на Бруно и пофалби од Сколс за играта

Кога на Олд Трафорд можеш веднаш да се прилагодиш и веќе во првиот месец да се истакнеш со два гола и две асистенции, а згора на тоа да те фали една од најголемите легенди на клубот, тогаш тоа е тоа. Ќе те биде, односно те бидува веќе.

На Емирати уште се држат за глава поради уткава во 123-та

Џабе ножичките на Обамејанг кога Олимпијакос ги исфрли од Лига Европа среде Лондон, а истиот тој Обамејанг во последните секунди од мечот се посрамоти за сите пари. Каков резил пред гол кој е долг 7 метри. Имаше шанса да го спаси Арсенал од срамот.