Купот на Конфедерации 2005-та мина во знакот на страшниот состав на Бразил кој во финале ја смачка Аргентина со 4:1, а стрелци беа Адријано (2), Кака и Роналдињо. На денешен ден го одиграа првиот меч во групна фаза против Грција кој го добија со 3:0. Серијата на голови почна со катапулт на Адријано.