70 години Маракана - најлегендарниот стадион на свет слави јубилеј

Бразилска Маракана, легендарниот стадион денес слави 70 години од првиот одигран меч на 16 јуни 1950-та година. Првиот натпревар на новиот стадион го играле Рио и Сао Пауло. После неколку дена тука се играло четвртото Светско првенство во историјата.

Бразил на Маракана на култниот Мундијал почнал со победи против Мексико и Југославија, па подоцна против Шведска и Шпанија (убедливи триумфи од 7-1 и 6-1).

На легендарната Маракана секогаш имало карневалска фешта. Најмногу гледачи, 200.000 имало на последниот меч на тој Мундијал против Уругвај, дуел познат како Мараканаѕо кога Уругвајците го шокирале Бразил и победиле после пресврт додека цела земја веќе славела светска титула на „кариоките“.

На Маракана играле асови како Пеле и Гаринча, Роналдо, Ривалдо, Ромарио, Бебето, Роналдињо.

Иако играл за Сантос кој не е од Рио, Пеле најдобрите натпревари во кариерата ги имал во дресот на Бразил токму на Маракана.

Овој храм на фудбалот бил и место на одигрување на Интерконтиненталниот Куп кога Сантос играл прво против Бенфика во 1962 па против Милан во 1963-та.

1000-от гол на Пеле паднал баш на Маракана кога Сантос играл против Васко да Гама во 1969-та.

Подоцна своја слава на овој прекрасен стадион доживеал и Зико во црвено-црниот дрес на Фламенго. Нејмар играше за Сантос но со неговиот пенал Бразил го освои златото на Олимписките Игри во 2016-та.

Реконструкција доживеа во пресрет на Мундијалот во Бразил. Домаќинот во 2013-та играше против Англија (2:2) на свежо реновираната Маракана.

Епска трибина на Маракана е „Жерал“ (Geral) каде стојат (не седат) најгласните навивачи.

16 јуни 2020 - 13:30