Фудбал

Доаѓале екипи и екипи, ама ваков потег немало на „Олд Трафорд“

Клуб Бриж на првиот меч против Манчестер Јунајтед во Лига Европа одигра достојно (1:1). На реваншот во Англија се држеа 22 минути, ама тогаш нивниот стопер Симон Дели направи будалеста работа, помисли дека е голман и тргна со рака да брани еден шут.

Многу смешен гол на Лукаку против бугарскиот шампион

Интер го победи Лудогорец прво на гости 0-2 во Бугарија, па на реваншот пред празни трибини поради коронавирусот во Италија, се намачи. Бугарите поведоа со 0-1, па Интер мораше „да ја врти“ преку Бираги и Лукаку. Овој вториот даде многу интересен гол.

Интер едвај со Лудогорец, Арсенал елиминиран од Олимпијакос!

Јунајтед, Интер, Шахтјор, Хетафе, Копенхаген, Олимпијакос и Севиља им се придружија на клубовите кои неколку часа претходно обезбедија пласман во осминафиналето на Лига Европа. Олимпијакос го потопи Арсенал среде Лондон.

Леверкузен и Рома одат понатаму, Ристовски и Спортинг испаднаа

Спортинг Лисабон за кого игра македонскиот репрезентативен бек, од првиот меч против турски Башакшехир имаше предност 3:1. Во реваншот до 91' минута губеа 2-1 па примија гол од пенал и во продолженија уште еден па испаднаа.

Корона од Порто како брз воз

Порто беше декласиран од Баер Леверкузен дома со 1:3 и Германците одат во следна фаза. Најдобар поединец кај Порто беше Жезус Мануел Корона кој во неколку наврати ги измести противничките играчи.

Утка на сезоната во Лига Европа

Во 16/финалето од Лига Европа Вулверхемптон дојде кај Еспањол со предност од 4-0 од првиот натпревар и работите околу патникот понатаму беа јасни. 

Магијата на фудбалот - од 2:0 во 90-та до 2:3 во 97-ма

Во бразилскиот Куп се случи луд пресврт. Парана губеше 0-2 од Баија де Феира. Гостите ги дадоа двата гола во 60’ и 60’ минута. И до 90+1 беше 0-2. На сцена тогаш стапија домаќините.

Мбапе ја раскажува возбудата кога се качил во кола кај Зидан на 13 години

Ѕвездата на ПСЖ зборува за тоа како добил шанса да тренира во Реал Мадрид, но кога видел кој го собира со кола од аеродром, толку имал трема што мислел дека сонува и му поставил глупаво прашање.

Дијалот на денот меѓу Хонда и негов соиграч

Зборуваме за поранешниот јапонски репрезентативец кој играше за Милан, а сега е во Ботафого. Бразилски фудбалер од негов тим го прашува како се вика на јапонски „пас“, односно додавање. Овој му одговара, ама другиов додека да сфати пет серии ќе направеше со теговите.

Шибеник има три до четири најлогични желби за во напад

За тренерот на хрватскиот второлигаш има муабет дека скромноста му е најсилна страна, а за изговорот на Килијан немате право да му се смеете.

Којзнае дали е наместена, ама голманов некако сомнителен

На мечот меѓу Рајонг ФЦ и Муангтонг Јунајтед од најдобрата фудбалска лига на Тајланд, домашниот голман Утилат Намахот направи неколку баш чудни кикса после кои неговиот тим прими 3 гола и гостите победија 0:3.

Децата на Лион кои го оладија Јувентус

Бјанконерите го одиграа првиот меч годинава на кој Кристијано Роналдо не постигна гол. Против себе имаа млада екипа, предводена од Руди Гарсија, човекот кој пред неколку сезони ја водеше Рома.

Ти да видиш во Америка како се решава меч од нокаут фаза во ЛШ

Таму додуше реванши се играат, причина повеќе да биде поинтересно, а кога имаме голман херој во решавачки моменти, тогаш драмата не може да биде поголема.

Дете влета во терен по автограм, Кристијано Роналдо се напна

Обично е фер и во секоја прилика прави селфи со оние кои улетуваат на сред натпревар да се сликаат со него. Ама синоќа Јувентус беше толку „бос“, без шут во рамки на противничкиот гол, така што фрустрацијата на Кристијано веројатно била причина за ваквиот револт со натрапникот.

Како доктор Пеп Гвардиола по шести пат го освои „Сантијаго Бернабеу“?

Пеп е дефинитивно ноќна мора за Реал Мадрид, а притоа го спасува и престижот на англискиот клупски фудбал.

Што му замери Бонучи на Матуиди на загревање?

Пред стартот на мечот Лион - Јуве имаше остра комуникација меѓу Бонучи и Матуиди. Според италијанските медиуми капитенот му замерил на Французинот дека без разлика што нема да биде во прв состав, треба посериозно да се ангажира за време на загревањето.

Каде бе Пауло?

Очаен прв меч на Јувентус во нокаут фазата од Лигата на шампионите кој доби противник по мерка, но загуби 1:0. Немаа шут во рамки на гол. Немоќта на Старата Дама против Лион најдобро е отсликана во овој дуел на Дибала со Хусем Ауар.

Сити со пресврт го скроти Реал, Јуве шокиран во Лион

Габриел Жезус и Кевин Де Брујне за 5 минути ја анулираа предноста на Реал остварена во 60-та минута и со тоа се изборија за одличен резултат пред реваншот на Етихад. Во незгодна положба е и Јувентус кој дома ќе брка пораз од 1:0.

Нема зима за Баерн по лева страна со оваа струја од дете

Се раѓаш во бегалски камп, бегаш од граѓанска војна, правиш опасно добар трансфер во Бундес лига и веќе на 19 години играш во ЛШ. Па уште на крај навивачите на Баерн ти го скандираат името затоа што си здробил на Стемфорд Бриџ. Каква бајка.

Талентот на Милан кој место голот, погоди шанк од бар

Хрватот Ален Халиловиќ (23) до пред некоја година важеше за ултра талентиран фудбалер. Барселона го доведе на 16 години, ама Хрватот не успеа да се докаже на „Камп Ноу“ па почна бескрајна авантура. Го позајмуваа во Спортинг Хихон, во Лас Палмас, во Хамбургер, пред да дојде во Милан. Не се снајде ни на „Сан Сиро“ па го позајмија во холандски Херенвен. Пред неколку дена го дал првиот гол сезонава, а неколку минути претходно направил р’шум во подтрибинскиот бар.

Нема секој привилегија вака да го излета Меси

И покрај тоа што УЕФА за потег на денот прогласи дриблинг на Mеси, Твитерџиите на големо го споделуваат и коментираат моментот кога Меси беше жртва, бидејќи е реткост. Тоа му успеа на Оспина кој многу ладно го измрда или ако сакате, Меси се излизга како на сличуги во обид да скрати евентуално додавање до бекот.

Чуден начин на жалење од судија во Австрија

Недела на такмичење кој ќе направи поголема глупост или кој ќе биде најинтересен во прволигашка конкуренција. На ред дојде и австрискиот фудбал од каде и не очекувавме баш некој ваков испад.

Дилајла е дилајла и 25 години подоцна

Сите мислеле кога ќе го смени дресот со одело дека ќе се смени, ќе се смири, ќе биде поуљуден. Ама јок. Си тера по свое до ден-денес. Диего Армандо Марадона на денешен ден пред 25 години станал тренер на Расинг во Аргентина. Еве како поминал неговиот прв натпревар.

Па што ви е гајле ако сте од иста

Фудбалерите на Кардиф се фрустрирани зошто со сигурност уште една сезона ќе си чмаат во Чемпионшип и останаа скоро без шанси за плејоф за Премиер лига. Синоќа изгубија од некогашниот европски првак Нотингем Форест кој многу е сериозен во намерата да се врати во Премиер после многу години па Калум Пaтерсон и Леонардо Бакуња се спречкаа.