Еден веројатно реален проблем со кој се соочува наш третолигаш

Обично во тие рангови им недостасуваат парични средства, судиска правда (на гостински терен) и подобри услови за игра. Е токму на третово, се нема милост во нивното село. Како игралиштето да е единствен проблем за пасење да му се сневиди.

Се работи за ФК Македонија Враништа од Струшко, која неодамна излезе со следново соопштение:

На некој можеби му е смешно, но штом клубот излегува јавно на ваков начин, тогаш очигледно си има интерен проблем со луѓе од своето село со кое се нема разбирачка.

Инаку клубот е дел од Третата лига – Југозапад и со оглед на тоа што фудбалот и официјално е суспендиран, таму ќе остане и следната сезона.

ФК Враништа има долга 79 годишна традиција, а од таму потекнуваат и двајца поранешни македонски репрезентативци. Столбот од одбраната Игор Митревски кој направи доста солидна меѓународна кариера почнувајќи од Спартак Москва со која играше во Лига на шампиони, како и Величе Шумуликоски.

Информациите за нив се штури на Википедија и пишува само дека најголем успех им е влез во Втора лига во сезоната 2001/2002, но затоа за поздрав е тоа што за промоција користат Фејсбук, без разлика на овој амбиент, кој е реалност за нисколигашкиот фудбал во Македонија.

Имаат објавено и видео, на пат за Скопје за да ја бодрат Македонија против Словенија во Лига на нации.

Ако кравите не се разбираат од збор, барем вие што ги носите таму, ферски кон клубот и играчите е да ги дислоцирате од таму.

8 јуни 2020 - 12:26