За луѓето да не паѓаат во искушение, Шпанија забрани реклами на казина и кладилници

Додуше рекламирање букмејкери и казина е дозволено од 01:00 до 05:00 на полноќ, но слабо фајде ќе имаат клубовите кои веќе почнуваат со Ла Лига и кои зависат од парите од овие спонзори.

Неделава во Шпанија се враќа фудбалот. Иако во оваа земја и натаму ситуацијата со пандемијата не е во целост смирена. Поради тоа до 21 јуни рекламите на хазардни игри и обложување се забранети - а се со цел луѓето да не паѓаат во искушение во тешки времиња.

Рекламирање кладилници и казина е дозволено само доцна после полноќ од 1:00 до 5:00, но тоа никако не им помага на шпанските клубови. 

Букмејкери се спонзори на минимум 8 клуба од шпанската Ла Лига, некои од нив се и главни спонзори, а има и дополнителни кои имаат свои реклами не на градите од дресовите туку на останатиот дел од опремата.

Ова значи дека во првите три кола по рестартот на шпанската лига, пола клубови ќе мора да играат без логото на спонзорот. Истото важи и за време на интервјуата кои се даваат на рекламните паноа кои нема да имаат логоа на кладилници и казина.

Ќе изгледа отприлика вака:

ВАЛЕНСИЈА

СЕВИЉА

ЛЕГАНЕС

ОСАСУНА

ЛЕВАНТЕ

АЛАВЕС

ГРАНАДАМАЈОРКА

Многу клубови ширум светот зависат од спонзорства со кладилници и казина, па шпанската лига бара решение над овој проблем. Но малку време има и се зависи од властите, затоа што првенството почнува а законот за забрана за рекламирање обложувалници уште трае.

11 јуни 2020 - 19:40