Како Барселона изгуби титула во неколку секунди во 2007-ма

Во една од најлудите сезони во шпанска Ла Лига, во 2007-ма, Барселона со месеци беше прва. Ама во јануари таа година паднаа во форма и тоа го искористи Реал Мадрид кој прво бодовно се приближи, па стана шампион благодарение на легендарниот капитен на Еспањол Раул Тамудо.

Во претпоследното коло Реал Мадрид одигра 2-2 со Сарагоса, а Барса прими гол во 89' минута дома на „Камп Ноу“ и тоа од градскиот омразен ривал Еспањол (2:2 Раул Тамудо) и Реал остана прв на табелата пред последното коло а потоа на крај со пресврт ја совлада Мајорка 3-1 (Барса залудно го растури Химнастик 5-1). Овој финиш на сезоната е познат и како Тамудацо

 

9 јуни 2020 - 09:26