
Последната шанса на мечот ја имаа Наполитанците, но со Џиџи Буфон никогаш не знае човек на што е. Прво ја спаси од гол линија откако Максимовиќ играше со глава, а потоа погледнете како му го затвори аголот на Елмас по што топката се одби од него па удри во статива.
Како и да е македонскиот репрезентативец стигна до трофеј во Италија уште во деби сезоната и тој е втор Македонец кој го има освоено италијанскиот Куп. Пандев има вкупно пет од кои еден со Лацио, и по два со Напопи и Интер