Мајсторлукот на Бензема

Реал Мадрид со 3-0 убедливо ја победи Валенсија и ја продолжи трката за титулата со Барселона. На гостите од „Местаља“ во првиот дел им беше поништен гол при резултат 0-0, а после Бензема и Асенсио ги докрајчија. Овој првиот даде преубав гол, а вториот после прв контакт со топка откако влезе во игра.

Бензема синоќа ги постигна 242 и 243 гол во неговата кариера во Реал Мадрид и стана петти најдобар стрелец во историјата на клубот, а го надмина и Ференц Пушкаш.

19 јуни 2020 - 09:04