Порталот Спортбајбл објави нова студија според која се тврди дека Меси во периодот меѓу 2013-та и 2018-ма бил индивидуално двојно поефикасен од Роналдо.
И двајцата во тој период беа во пикот на својата кариера и играа во иста лига, а потоа Португалецот во летото 2018-та направи трансфер од Реал во Јувентус.
Истражувањето е направено според број на голови и асистенции во тој период во просек, кое покажува дека Меси има 1,21, а Роналдо 0,61.
Подетално објаснување за бројките дава професорот Џеси Дејвис.
„Нашиот модел прави пресметка по сите параметри: шутеви, пасови, дриблинзи, украдени топки и ја пресметува нивната вредност“.
Овој резултат веројатно за многумина е несфатлив бидејќи Роналдо со Реал доминираше во Лига на шампиони, а со Португалија го освои ЕП 2016.
Двајцата ривали се вратија на терен pо долгата пауза, но имаа различен кам бек. Роналдо промаши пенал против Милан во полуфиналето на Купот на Италија, a синоќа го загуби финалето од Наполи, што е втор загубен трофеј сезонава по оној во Супер Купот од Лацио.
Меси имаше успешно враќање со гол и две асистенции против Мајорка во Ла Лига која ја декласираа со 4:0.
Ronaldo’s first game back:
— Ⓜ️ (@AFCHamd) June 13, 2020
⚽️: 0
🎯: 0
Messi’s first game back:
⚽️: 1
🎯: 2
The levels are staggering, someone come collect your 🐐 lmao
Both their highlights👇: pic.twitter.com/Twd77JcJIo