Премиер лигата конечно се врати. Синоќа гледавме два меча од кои оној во вториот термин од 21:15 беше дербито Манчестер Сити - Арсенал. „Граѓаните“ Давид Луиз ги водеше до победата.
Сите очекувавме да видиме како Артета го подготвил тимот за мечот против неговиот довчерашен колега и главен тренер Гвардиола.
За жал на Артета, работите тргнаа на криво уште од старт.
Веќе во 6' минута се повреди Џака. После 20 минути се повреди и стоперот Пабло Мари на чие место влезе Бразилецот Давид Луиз.
И тогаш почна циркузот.
Кевин Де Брујне намириса дека Луиз нешто не е концентриран баш најдобро па прво му сервираше супер шанса на Марез преку Луиз (Лено одбрани), после и Стерлинг имаше шанса, а истиот играч во 45' минута буквално на асистенција на Давид Луиз го отвори резултатот 1-0.
По една акција на Сити Луиз ужасно неспретно со колено ја удри топката и таа му легна на волеј на Стерлинг кој ја пробуши мрежата на Лено.
Во второ полувреме, дали фрустриран од слабата форма, Луиз не издржа 5 минути да не направи нова глупост. Едерсон дегажираше топка до Марез, а Луиз му се пушти и боречки го фрли на земја во сопствениот шеснаесетник - пенал за Арсенал.
Судијата Ентони Тејлор процени дека фаулот бил за црвен картон, Луиз беше исклучен а Кевин де Брујне искористи пенал за 2:0.
David Luiz vs Man City - Chelsea’s biggest regret?
— TC (@TheoCompz) June 18, 2020
pic.twitter.com/Rn0lKnKGB3
Давид Луиз стана прв играч за 5 години кој во еден меч имал анти-хет-трик: направи кардинална грешка која влијаеше на голот, направи пенал и доби црвен картон.
Последен кој направил такво нешто во Премиер лига бил стоперот на Вест Хем Карл Џенкинсон на меч против Борнмут во 2015-та година. Но тогаш Карл играл 79 минути а Давид синоќа само 24.
Ваква комбинација од очајни потези имаше еднаш и Колумбиецот Иван Кордоба во 2011 година после што стана јасно дека е за пензија.
Давид Луиз е првиот фудбалер кој за 3 сезони во Премиер лига направил 4 пенали. Пред него тоа беше Португалецот Жозе Фонте.
Во јануари Давид Луис направи пенал и против Челси кога доби црвен картон. Тогаш играше само 26 минути. Неговиот договор со Арсенал истекува на 30 јуни а уште нема никаква најава дека ќе му го продолжат.
Во понеделникот Артета изјавил: „Јас сакам да го задржам него. Давид беше пример за пожртвуваност од моментот откако дојдов“, но и додал зошто го остава на клупа: „Во последните недели се случија одредени работи“.
Веднаш после мечот синоќа Артета го бранеше Бразилецот: „Тој е многу чесен и прав човек. Моето мислење за него не е сменето.
После дебаклот против Сити, изјава даде и самиот Давид Луиз:
„Во последните два месеци морав да донесам некаква одлука. Целата работа е во договорот. Требаше да донесам какво било решение да ја решам својата иднина. Не го направив тоа. Не сакам да го користам тоа како оправдание. Крив сум јас но и сите. Ми се допаѓа во Арсенал зошто посветено тренирам и затоа дојдов тука (пред новинарите) денес. Сакам да останам. Тренерот го знае тоа и сака да останам. Чекаме одлуки“.
За останатите 50 минути (мечот беше продолжен 11 поради страшната повреда на Ерик Гарсија од Сити), Арсенал прими уште еден гол (од Фил Фоден) и изгуби 3:0. Но необично германскиот голман Бернд Лено имаше дури 9 одбрани.
Сега дури и победа на Ливерпул во недела во градското дерби на „Гудисон Парк“ нема да му донесе титула и нема да ја слават кај вечниот ривал.