Роналдо си замина и во Реал сите почнаа да се радуваат на голови

Најважниот и најголем ќеиф на еден фудбалски натпревар стана работа на секој играч на Бернабеу, без разлика на која позиција игра и така Кралевите станаа тим со најмногу стрелци сезонава.

Без Кристијано Роналдо во тимот, нема сомнение дека Реал Мадрид има помала ефикасност, бидејќи Португалецот не беше без 50 комада по сезона. Тој беше најдобар и најодговорен за таа работа, па дури би рекле и најлаком.

На тој начин другите практично ја игнорираа таа потреба бидејќи знаеа дека тој ќе ја заврши, но без него работите драстично се сменија. Сега секој во Реал Мадрид е стрелец, па дури станаа и рекордери по број на различни стрелци во Европа.

Вкупно 19 играчи придонесоа со гол оваа сезона во тимот на Зидан. Тоа е на некој начин и импресивно, бидејќи сите помагаат во напад.

Ако почнеме од дефанзивците ќе забележиме дека Серхио Рамос постигнал дури 6 гола од кои 3 од пенал. Инаку не се сите негови гола од прекин како што обично ги постигнува, туку оној против Еибар го даде од игра, што му се нема случено од јануари 2015 против Реал Сосиедад.

Друг стрелец меѓу дефанзивците е Марсело кој првиот гол сезонава го постигна пред три дена и им го посвети на жртвите од расизам. Трет е Начо Фернандез кој им донесе три бода.

Тони Крос има 6 гола на сите натпреварувања, а тоа му е личен рекорд откако игра за Реал. Прв е Бензема со 14, а по 2 имаат постигнато Бејл, Јовиќ, Варан, Лукас Васкез, Феде Валверде, Родриго и Винисиус.

И покрај тоа што има одиграно само неколку минути во Ла Лига, меѓу стрелците е и Мариано Диаз кој даде гол на Ел Класико за конечни 2:0 во 90-та минута.

Загубата на еден од најдобрите играчи во светот, Реал ја минимизира тимски.

17 јуни 2020 - 16:46