Фудбал

Сити на -3 пред дербито на Манчестер

Сепак трката за титулата во Премиер лигата е далеку од решена и за шампионот на Англија ќе се одлучува во понеделник, 30 април на големото дерби на Манчестер. Актуелниот шампион со нов кикс му дозволи на Сити да се доближи на -3.

Реал Мадрид ја завери титулата

Барселона не успеа да го сопре Реал Мадрид на патот кон титулата. Кралскиот клуб славеше на Камп Ноу по пауза од пет години и со победата од 1:2 го зголеми водството на недостижни седум поени предност во однос на најголемиот ривал.

Најдобрите голови од изминатата недела

Уживајте во најдобрите 10 голови од целиот свет за изминатите 7 дена, меѓу кои се мајсториите на Бекам, Гансо и Фалкао.

Масовна тепачка го суспендираше фудбалот во Израел

Една тепачка на второлигашки натпревар и одма суспендирани сите натпревари од прва и втора израелска лига. Па вака ако правеа во Македонија за секоја тепачка на натпревар од втора лига, тогаш фудбал воопшто немаше ни да се игра во нашата земја.

Меси и Роналдо поефикасни од третина европски клубови

Големото Ел Класико дерби ќе се одигра во сабота, а во центарот на вниманието ќе биде дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои оваа сезона постигнаа 41 гол во шпанската Примера, нешто што не им успева на третина од европските клубови.

Бекам заработува повеќе од Меси и Роналдо

Лионел Меси и Кристијано Роналдо заработуваат по околу 20 милиони долари годишна плата од нивните клубови, Дејвид Бекам „само“ 9, но кога на оваа сума ќе се додадат и парите од спонзорите, тој сè уште има најголема заработка помеѓу фудбалерите.

Смрдливо навивачко изненадување

Навивачката креативност нема граници кога е во прашање понижувањето на противникот. Доказ за тоа е една луда идеја на хрватски навивачи.

Хрватски фудбалери претепале соиграч

Фудбалер на Загреб фатил во кладилница по што бил претепан од своите соиграчи. Проблемот е во тоа што тој се кладел против својот тим.

Луд гол со пета

Фудбалерот Бакари од резервниот тим на Еспањол постигна неверојатен гол со пета на натпревар од шпанската четврта лига.

 

Голеада во Мадрид, пресврт во Лисабон

Екипата на Атлетико Мадрид со 4:2 ја победи Валенсија на првиот натпревар од шпанското полуфинале во Лига Европа, а Спортинг Лисабон со пресврт го совлада Атлетик Билбао со 2:1.

Играте ко инвалиди!

Навивачите на аргентинскиот клуб Расинг на многу оригинален начин го искажаа своето разочарување од слабата форма и лошите игри на нивните фудбалери.

Проколнатиот дрес од Фарски Острови

Фудбалер од Фарските Острови одиграл два натпревари за својата репрезентација и по натпреварите ги разменил дресовите со Фабрис Муамба и Пјермарио Моросини.

Исцелителот Тери

Пујол се пожали на болка во раката, а Џон Тери со својата исцелителска моќ реши веднаш да му помогне.

Шпанските клубови во долгови до гуша

Шпанците доминираат во европскиот фудбал со пет клубови во финалните фази на двете натпреварувања, но постојат и бројки кои ја прикажуваат скриената слабост на шпанскиот фудбал. Само за данок тие должат 752 милиони евра.

Манчестер Јунајтед на врвот на фудбалските богаташи

Актуелниот шампион на Англија веќе осма година по ред е прогласен за најскапоцен фудбалски клуб на светот. Според магазинот Форбс, вредноста на Манчестер Јунајтед изнесува 2,24 милијарди евра.

Барса напаѓаше, Челси победи со еден шут на гол

Актуелниот европски шампион беше поразен, но не и надигран во Лондон. Барселона напаѓаше, но Челси го искористи единствениот шут во рамките на голот и триумфираше на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.

Влезниците за Јуве-Рома распродадени за 40 минути

Неделниот натпревар помеѓу Јувентус и Рома предизвика невиден интерес.

Најконтроверзните моменти помеѓу Челси и Барселона

Челси и Барселона во Лигата на шампиони имаат одиграно 10 меѓусебни дуели, а пред нивниот вечерашен полуфинален натпревар, порталот Goal ги издвои најконтроверзните моменти од нивните средби во минатото.

Реал Мадрид ограбен и поразен во Минхен

Баерн Минхен го направи првиот чекор кон финалето на Лигата на шампиони кое ќе се одигра во нивниот град, откако на првиот полуфинален натпревар го совладаа Реал Мадрид со гол во последната минута. Пред натпреварот од соблекувалната на Реал Мадрид на Алијанц арената биле украдени шест пара копачки.

Автогол од пола терен

Хрватот Анте Кулушиќ стана славен откако постигна гол од пола терен на натпреварот помеѓу Генчлербирлиги и Газиантепспор во Турција. За негова несреќа, тој ја затресе мрежа од својот гол.

Најдоброто од 20-те сезони во Премиер лига

Оваа година англиската Премиер лига го прославува јубилејното 20-то издание и по тој повод Англичаните со помош на навивачите од целиот свет ќе ги изберат најдобрите играчи, тренери, голови, одбрани, прослави, натпревари, изјави...

Јас сум идиот, ја скршив топката

Пијани идиоти од Дњепропетровск скршиле голема фудбалска топка, одбележје на Европското првенство во Полска и Украина, но за казна, наместо со пари, платија на друг начин.

Од гол на гол

Голманите не служат само за да го чуваат својот гол. Тие и самите можат да постигнат по некој погодок.

Уште една сензација на Виган

Пред само пет дена Виган го победи Манчестер Јунајтед, а вечерва за прв пат во својата историја славеше во Лондон каде победи на гостувањето кај Арсенал со два гола за 94 секунди.