Претседателот на израелската фудбалска федерација ги суспендираше натпреварите во Израел заради масовна тепачка на натпревар од втората лига.
Локалното второлигашко дерби во Израел помеѓу Бнеи Лод и Хапоел Рамат Ган имаше неславен крај. Натпреварот кој беше еден од одлучувачките за влез во првата лига заврши со резултатот 1:1, а по неговото завршување фудбалерите и официјалните лица од двата клуба започнаа масовна тепачка.
„Не сакам некој да загине на терен. Овој викенд нема да се игра фудбал" изјави претседателот на израелската фудбалска федерација, Ави Лузон при соопштувањето на одлуката за суспендирање на сите натпревари од првата и втората лига.