Фудбал

Најбизарната реклама за ЕУРО 2012

На Европското првенство ќе се води војна на терените, но Кинезите малку претерале со нивната реклама во која Биг Бен, Ајфеловата кула и Колосеумот во Рим се бомбардирани, а војници пукаат во фудбалери за време на натпревар.

Голман акробат

Голманот на камерунската репрезентација ги покажа своите акробатски способности на натпреварот против Египет.

Иниеста со најдобар гол во Лигата на шампиони

Оваа сезона се изнагледавме убави голови во Лигата на шампиони, но според УЕФА, најубав е голот на Андрес Иниеста против Викторија Плзен.

Четврта куп титула во серија за Пандев

Горан Пандев е претплатен на пехарите од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009-та и пехарите со Интер во 2010-та и 2011-та, Пандев и во 2012-та година со екипата на Наполи го освои Купот на Италија.

Фалкао повторно блеска

Колумбискиот „тигар“ Радамел Фалкао не престанува да го воодушевува фудбалскиот свет.

Челси на тронот на Европа

Екипата на Челси е новиот шампион на Европа откако на 57-то финале на најелитното клупско натпреварување, Англичаните беа поуспешни од Баерн Минхен по изведување на пенали и ја освоија својата прва европска титула.

Баерн по петти или Челси по прв пат?

Конечно, дојде денот кога најпрестижното клупско фудбалско натпреварување ќе го добие својот нов шампион. Баерн Минхен и Челси ќе се борат за европскиот трон во финалето на Лигата на шампиони.

Сите ќе профитираат од финалето во Минхен

Градот домаќин на финалето од Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси ќе се офајди за околу 50 милиони евра, а единствено во зијан ќе отидат навивачите кои немаат влезници и својата среќа ќе си ја пробаат кај тапкарошите.

Шпанија најскапа на ЕУРО 2012

Помеѓу 16-те учесници на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во Полска и Украина, најскап е тимот на Шпанија чија вкупна вредност изнесува 641 милиони евра.

Ламата типуваше на Челси

Октоподот Пол се реинкарнираше во лама и типуваше на екипата на Челси.

Англиски тренер никогаш не ја освоил Премиер лигата

Од основањето на Премиер лигата пред 20 години, ниту еден тренер Англичанец не го подигнал трофејот предводејќи го шампионскиот тим на оваа земја.

Германската полиција на маки пред финалето

Минхенската полиција ќе има огромни проблеми за да ги спречи планираните крвави тепачки помеѓу навивачите на Баерн Минхен и Челси за време на финалето од Лигата на шампиони.

Баерн-Челси ќе руши рекорди во гледаност

Финалето од Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси ќе го проследат над 300 милиони гледачи со што ќе се постави нов рекорд за најгледан клупски натпревар во светот.

Волеј на денот

Ерик Хасли од екипата на Ванкувер на првиот финален натпревар од канадската лига против Торонто ја скина мрежата со прекрасен гол со волеј удар во 91-та минута.

Кралот Кени доби шут-карта од Ливерпул

Заврши уште една ера на Кени Далглиш во Ливерпул. Американските сопственици конечно собраа храброст и му врачија отказ на ливерпуловата икона.

Што ќе правеа Реал и Барса без Роналдо и Меси?

Како би изгледала табелата на шпанската Примера без учинокот од 96 гола и 33 асистенции на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за Реал Мадрид и Барселона?

Баерн - Челси (инфографик)

Скоро сè што треба да знаете пред финалето на Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси, во еден инфографик.

Панкерите се вратија во Бундеслигата

Фортуна Дизелдорф, клубот кој во минатото беше спонзориран од панк бендот Die Toten Hosen, се врати во германската елита по пауза од 15 години откако по плеј-оф драмата на која последните две минути се доигруваа половина час, ја испратија Херта Берлин во втората лига.

Легендите од Олд Трафорд најдобри во Премиер лигата

Како мала утеха за загубената титула која им отиде во рацете на најголемите ривали, Рајан Гигс и Алекс Фергусон ги добија наградите за најдобар фудбалер и најдобар менаџер од основањето на Премиер лигата.

Не плачи тато

Емотивна сцена од холандското првенство го обиколи светот. По испаѓањето од лигата на Де Графшап, ќеркичката се обиде да го утеши нејзиниот татко, Роџер Мејер.

12-ти играч

Аргентински фудбалски клуб доби помош од 12-ти играч откако резервниот голман влезе натерен и спаси гол.

Имало помизерно куп финале и од нашето

Словачката фудбалска асоцијација и стана силен конкурент на ФФМ во борбата за избор на најмизерно организирано финале на национален фудбалски куп.

Идеалниот тим на Премиер лигата на сите времиња

Како дел од одбележувањето на јубилејот од 20 годишнината на Премиер лигата, Англичаните го избраа идеалниот тим на сите времиња.