Енрико Прециоси е еден од актерите вмешани во скандалот со местење на натпреварот Џенова-Венеција уште од сезоната 2004/2005. Екипата на Џенова беше исфрлена во трета лига, а претседателот Прециоси долго време ја оспоруваше одлуката за неговата суспензија, но во саботата беше одбиена и последната жалба по што на сила стапи и забраната за негово присуство на било каков спортски натпревар во Италија во следните шест месеци.
Заради оваа суспензија тој не смееше во живо да го проследи натпреварот против Јувентус, но сепак тој најде начин како да биде присутен на стадионот.
