За прв пат по цела година, поточно од 10 септември 2011 година, Лионел Меси не беше во стартниот состав на Барселона на гостувањето кај Хетафе и од клупата влезе во 59-та минута, но и тој половина час му беше доволен за да постигне два гола.
До тогаш Барселона водеше со голот на Адриано, а Меси својот прв гол го постигна од белата точка во 74-та минута. Четири минути подоцна тој и по втор пат се запиша во листата на стрелци.
Тоа беше шестти погодок за Меси оваа сезона или вкупно 61 во 2012-та со што тој уште во септември си го сруши личниот рекорд од 2010-та година кога постигна 60 голови.
Уште еден фантастичен податок за Меси е дека оваа сезона тој постигнува гол на секои 50 минути.
Домаќините намалија откако Маскерано си постигна автогол во 80-та минута, а конечните 1:4 ги постави Виља со гол во последните моменти од натпреварот.
По четири одиграни кола Реал Мадрид остана на само една победа и веќе го забележа и вториот пораз и веќе Барселона има предност од 8 поени. По Хетафе, денес мадриѓаните загубија и на гостувањето во Севиља.
Единствениот гол го постигна Троховски уште во втората минута, а до крајот на натпреварот фудбалерите на Реал Мадрид направија огромен притисок, но не успеаја да го совладаат Палоп.
ПРИМЕРА - 4. коло
сабота:
Малага – Леванте 3:1 (1:0)
Савиола 27, Хоакин 59, Портиљо 90+3 – Мичел 46
Валенсија – Селта Виго 2:1 (1:1)
Фегули 4, Сисоко 50 – Крон Дели 16
Хетафе – Барселона 1:4 (0:1)
Маскерано 80аг – Адриано 32, Меси 74пен, 78, Виља 90
Севиља – Реал Мадрид 1:0 (1:0)
Троховски 2
недела:
12.00: Еспањол – Атлетик Билбао
16.00: Гранада – Депортиво
18.00: Осасуна – Мајорка
19.50: Реал Сосиедад – Сарагоса
21.30: Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано
понеделник:
21.30: Ваљадолид – Гранада