Фудбал

Златниот Лионел Меси

Реал Мадрид ја прекина доминацијата на Барселона, но Кристијано Роналдо не успеа да го повтори неговиот успех од минатата година. Со 50 погодоци во шпанската Примера, Лионел Меси ја освои „Златната копачка" за најдобар стрелец во Европа.

Живата легенда на Јувентус се збогуваше со клубот

Недела, 13 мај 2012 беше тажен ден за навивачите на Јувентус, но и за сите други вљубеници во фудбалот. Серија А се раздели со една своја жива легенда. Алесандро Дел Пјеро се симна од фудбалската сцена во Италија.

Тошак ја подмладува репрезентацијата

За претстојните пријателски натпревари против Португалија и Ангола, селекторот на македонската репрезентација, Џон Тошак повика шест фудбалери од младинската репрезентација, како и најдобриот стрелец од македонската Прва лига.

Фер плеј на годината

Норвешките клубови Лилестром и Бран оваа сезона ќе водат голема меѓусебна битка за опстанок, но сепак не заборавија на фер-плејот.

Моментот кога Јунајтед ја загуби титулата

Навивачите на Манчестер Јунајтед започнаа да ја прославуваат титулата но...

Торино ги поздрави своите шампиони

400.000 навивачи на Јувентус излегоа на улиците на Торино за да ги поздрават своите фудбалери кои оваа сезона поставија нови стандарди во италијанскиот фудбал, освојувајќи ја титулата без пораз по 38 одиграни кола.

Гол со финта

Фудбалерите на израелскиот клуб Хапоел Ранана изведоа добар трик со кој им го свртеа вниманието на противничките фудбалери и им дадоа гол од слободен удар.

Вардарци слават по пауза од 9 години

Конечно повод за славје кај вардаровата армија на навивачи. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб по пауза од девет години повторно се искачи на тронот.

Манчестер Сити шампион по инфарктна завршница

Ваква драма може да ни приреди само неговото височество - ФУДБАЛ! Манчестер Сити е шампион на Англија по пауза од 44 години со голови во 92-та и 94-та минута.

Ефектен автогол

Дејвис Бароне од Атлетико Тукуман на натпреварот од аргентинскиот куп против Расинг Клуб ја искина мрежата, но на својот гол.

Нејмар и Гансо го понижија Боливар

Сантос загуби со 2:1 на гостувањето кај Боливар на првиот 1/8-финален натпревар од Копа Либертадорес, но на домашен терен им се реваншираа со 8:0.

Клизачи на годината

Андре Блекмен од Селтик ја доби наградата за клизачи на годината од својот клуб. Клизачите беа над неговиот тренер.

Колумбискиот новинар Фалкао ја освои Европа

Кога минатото лето Атлетико Мадрид објави дека за 40 милиони евра го осигура потписот на Радамел Фалкао, многумина веруваа дека тој направил голема грешка, но студентот по новинарство на најдобар начин ги демантираше предводејќи го својот тим до трофејот од Лига Европа.

Џабе толку славење

Младинците на Ривер Плејт на натпреварот против Унион ја научија лекцијата дека не треба долго да слават по постигнат гол.

Фалкао го урна сонот на баскиската гордост

Лига Европа доби нов владетел. Тоа е Радамел Фалкао кој со двата гола на финалето против Атлетик Билбао, по втор пат стана најдобар стрелец и заедно со Диего го одведоа својот тим до трофејот од ова натпреварување.

Прости му на човекот!

Ова му доаѓа како навивач на Работнички во дрес на МЗТ пред салата во Градски парк да снима видео со кое бара прошка од девојката.

Уругвајски фудбалски хаос

Фудбалерите на уругвајските клубови Серо Ларго и Серо ни приредија масовно млатење какво што одамна не сме виделе на фудбалските терени.

Македонија остана на 98-та позиција на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација подобро котира кога не игра. Минатиот месец имавме скок од четири места, а овој месец повторно со неиграње успеавме да не потонеме и ја задржавме 98-та позиција на ФИФА ранг листата.

Црвено-бело шпанско финале во Букурешт

Националната арена во Букурешт вечерва ќе биде домаќин на црвено-белото шпанско финале на второто по ранг европскот натпреварување. Старите познаници Диего Симеоне и Марселоа Биелса со своите екипите Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе се сретнат во финалето на Лига Европа.

Прекин на романското дерби

Големото градско дерби на Клуж беше прекинато уште во 27-та минута по нападот на капитенот на гостинската екипа.

Ливерпул му се реваншираше на Челси

По поразот на финалето од ФА купот пред само три дена, Ливерпул му се реваншираше на Челси и тоа со камата. На последниот натпревар на Енфилд за оваа сезона, Ливерпул го победи Челси со 4:1.