„Видовте дека не паркиравме автобус пред голот како што најавуваа некои хрватски медиуми. Имавме желба за игра и според прикажаното, моите фудбалери останаа без заслужен бод. Разликата не беше ниту приближна каква што сугерира ФИФА ранг листата. Паднавме во второто полувреме и примивме ефтин гол на кој му претходеа три грешки", изјави селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски.
Хрватска важеше за огромен фаворит пред натпреварот, но на теренот нашата репрезентација не му дозволи на фаворизираниот противник да се наигра. Тоа го признаваат и хрватските репрезентативци.
„Тешки три поени. Победивме незгодна репрезентација. Македонија на сите ќе им го загорчи животот", изјави капитенот на хрватската репрезентација, Дарио Срна.
„Македонија е добра екипа која е многу цврста. Добро го чувавме Пандев, но вечерва тоа не ни одеше како што посакувавме", изјави Шимуниќ.
„Македонија се покажа како одлична екипа, но најважно е што победивме", беше краток Лука Модриќ, новото засилување на Реал Мадрид.