Челси имаше разочарувачка сезона во Премиер лигата каде завршија на шесттата позиција, но тимот на Роберто ди Матео успеа да триумфира во Лигата на шампиони и да го освои англискиот ФА Куп и го доби признанието за најдобар тим на годината од страна на Европската клупска асоцијација.
Ова е трета сезона како се доделува признанието. Во 2010-та година наградата ја доби Интер, а минатата година тоа беше екипата на Барселона.
Кипарскиот клуб АПОЕЛ кој стигна до четвртфиналето на Лигата на шампиони ја доби наградата за клуб со најголем напредок, наградата за клуб со најдобар однос со навивачите и припадна на Сампдорија, а Шахтјор е прогласен за клуб со најголема општествена одговорност.