Веста дека претседател на фудбалски клуб го отпуштил тренерот по три одиграни кола и не е толку чудна, ако не се работи за двајца браќа. Токму тоа се случи во италијанската Серија Б.
Пред почетокот на сезоната, навивачите на Чезена беа изненадени од потегот на претседателот Игор Кампедели кој за нов тренер на клубот го назначи неговиот брат, Никола.
Негова задача беше во новата сезона да го спаси клубот од испаѓање, но не му тргна како што посакуваше. По три одиграни кола Чезена забележа три порази и прими десет гола, па синоќа веднаш по последниот пораз од Новара претседателот Игор му го врачи отказот на неговиот брат, Никола Кампедели.