Фудбал

Слабата репрезентација му го расипа трансферот на Попов

Малку фалеше Македонија повторно да има фудбалер во Премиер лигата, но преминот на Горан Попов во Стоук Сити пропадна откако тој не доби работна дозвола заради мизерниот пласман на македонската репрезентација на ФИФА ранг листата.

Сите бегаат од Арсенал

Арсенал ја прифати понудата вредна 23 милиони фунти од ривалскиот Манчестер Јунајтед за преселбата на нивниот капитен и најдобар фудбалер, Робин ван Перси. Овој трансфер е само продолжување на традицијата според која ѕвезидте од тимот, а посебно капитените, го напуштаат Арсен Венгер.

Победи на Белгија и Шкотска, дебакл на Хрватска

Пријателски натпревари одиграа и нашите противници од квалификациската група за пласман на Светското првенство во 2014. Белгија ја изненади Холандија, Хрватска на домашен терен загуби од Швајцарија, Србија ремизираше со Ирска, Шкотска ја победи Австралија, а Велс загуби од БиХ.

Суспендираниот фудбалер го прекина штрајкот со глад

Италијанскиот фудбалер кој штрајкуваше со глад заради суспензијата од Фудбалската федерација, денес го прекина штрајкот.

Минимална победа над Литванија

Фудбалската репрезентација на Македонија славеше победа по пауза од скоро една година и шест одиграни натпревари. Со голот на Горан Пандев, Македонија минимално ја совлада 85-та репрезентација на ФИФА ранг листата.

Железната рака на Седлоски

Новиот в.д. селектор Гоце Седлоски ќе има тешка задача со македонската фудбалска репрезентација. Еден од приоритетите ќе му биде воведување на дисциплина во тимот, но тоа најверојатно нема да му претставува проблем на поранешниот репрезентативец кој одигра 100 натпревари за националниот тим.

Нема штрајк во Шпанија, во сабота почнува Примера

Исто како и минатата сезона и овој пат клубовите од шпанската Примера се заканија со штрајк и одложување на првото коло, но по вонредниот состанок бунтовниците го откажаа бојкотот и новата сезона сепак ќе започне овој викенд.

„Опстанок“ во живо на стадион во Бразил

Се сеќавате на популарната документарна емисија за животни „Опстанок"? Е ова што ќе го видите не е епизода од „Опстанок", туку дел од телевизискиот пренос од фудбалски натпревар помеѓу бразилските екипи Фламенго и Наутико.

Златната топка за Меси, Роналдо или Иниеста

УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот круг за наградата која му се доделува на најдобриот фудбалер во Европа. Андрес Иниеста, Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе се борат за „Златната топка".

УЕФА го исфрли Анортозис

Кипарскиот клуб Анортозис е исфрлен од Лига Европа заради дивеењето на нивните навивачи кои го прекинаа натпреварот против Дила Гори.

Ќе успее ли финансискиот фер плеј на УЕФА?

Сигурно сте слушнале за новите правила на УЕФА под името „финансиски фер плеј", но се уште не ви е јасно како тоа функционира. Ајде на кратко и на поедноставен начин да се обидеме да ви објасниме што точно пишува во тие правила кои се сместени на документ од 93 страници.

Македонскиот фудбал во медиумски мрак

Раководството на ФФМ се промени, започна нова сезона во македонските лиги, а старите проблеми останаа, па дури и се зголемија. Македонскиот фудбал е медиумски најслабо покриен во цела Европа, а скоро сите медиуми своите извештаи ги пишуваат само на информации од livescore.

Нова димензија на навивачка омраза

Омразата помеѓу навивачите нема граници, а тоа го докажаа и хулиганите од германската четврта лига. Домаќините сакале да ја срушат трибината со 700 гостински навивачи.

Брутален нокаут од Нури Шахин

Дилан Мекгиох од Селтик на пријателскиот натпревар против Реал Мадрид имаше среќа и помина „само" со скршена вилица по застрашувачкиот судар со Нури Шахин.

Плавуша на натпревар

И како после да не се измислуваат вицови за плавуши? Како што кажува и самиот коментатор, плавушите секогаш последни сфаќаат, а на оваа дури и требаше и помош од пријателката.

Ај не можеш полошо

Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија, а моментално член на австриски Салцбург, Џонатан Соријано на натпреварот против Рапид Виена го изведе еден од најлошите пенали на сите времиња. Ова е сериозна конкуренција на пеналот на Рамос.

Тошак издржа една година

По структурните промени во раководството на Фудбалската федерација на Македонија, следат кадровски промени и во сениорската репрезентација. Велшанецот Џон Тошак си заминува од селекторската функција по 370 денови.

Прекинат натпревар заради нокаутиран судија

Пријателскиот натпревар помеѓу Фортуна Дизелдорф и Бенфика беше прекинат по само 43 минути игра откако главниот судија беше нокаутиран од страна на Луизао, искусниот фудбалер кој зад себе има настапи на две Светски првенства со репрезентацијата на Бразил.

Мексиканците го изненадија Бразил

Репрезентативците на Бразил веќе се подготвуваа за прослава на првиот олимписки златен медал, но Мексиканците приредија огромна сензација и станаа олимписки шампиони совладувајќи го најголемиот фаворит со 2:1.

Суперкупот за Јуве, гол и црвен картон за Пандев

Екипата на Јувентус е освојувач на италијанскиот Суперкуп откако го совлада Наполи со 4:2. Покрај името на Горан Пандев останаа запишани по еден гол, асистенција и црвен картон.

Голмански малер

Голманот на Фиорентина, Емилијано Вивиано на пријателскиот натпревар против Галатасарај успеа да прими многу глуп гол и притоа да се повреди.

10 месеци суспензија за Конте

Јувентус останува без тренер. Антонио Конте заработи суспензија од 10 месеци заради вмешаност во местење на натпревари. Бонучи и Пепе се ослободени од обвиненијата.

Тони дава гол, ние правиме инвазија

Навидум обичен пријателски натпревар помеѓу Евертон и АЕК, се претвори во вистински спектакл. Беа постигнати пет голови, но последниот гол ги натера навививачите да направат инвазија на теренот. Тоа беше првиот гол на клупската легенда Тони Хиберт.

Напредуваме кога не играме

Добро е, мрднавме едно место на ФИФА ранг листата. На најновото августовско издание на рангирањето на ФИФА, фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 102-та позиција.