Фудбалската репрезентација на Бразил во финалето против Мексико на фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Лондон ќе има шанси да го освои првото олимписко злато во историјата на својата земја.
Нема многу активни фудбалски првенства низ Европа, но и таму каде што се игра паѓаат многу добри голови. Таков беше голот на Ласе Рисе на натпревар од данскиот шампионат помеѓу Рандерс и Архус.
По 10-годишно владеење со најбогатата спортска федерација во Македонија, Харалампи Хаџи-Ристески си поднесе оставка, а на претседателската фотелја ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски.
Репрезентацијата на Јапонија го приреди најголемото изненадување со победата над Шпанија, а Бразилците со прикажаното во првиот дел и победата над Египет го потврдија статусот на фаворити на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Лондон.
Швајцарецот Адмир Мехмеди кој е роден во Гостивар се „прослави“ со неверојатно промашување на натпреварот против Габон на Олимписките игри во Лондон. Не дека ќе се прославеше ако не утнеше затоа што беше во офсајд и голот ќе му беше поништен, ама сепак не смееше ова да си го дозволи.
Во клупскиот фудбал е невозможно да се влезе во највисоките нивоа без пари. Од една страна поради самиот квалитет на играчите, но од друга страна и поради UEFA.
Цената на билетите изнесуваше само 100 денари, за народ да се радува и за стадионот да се наполни. Но, некој се радувал и се полнел и на поинаков начин.
Заврши кратката одисеја на Вардар во Европа. Македонскиот шампион одигра без голови со Бате Борисов и по осум години остана без победа во европско натпреварување.
Фудбалските натпревари на Олимписките игри ќе започнат уште пред официјалниот почеток. Сите 16 екипи ќе одиграат по еден натпревар уште во четврток, а ова се фудбалерите кои се очекува да добијат најмногу аплаузи.
Еден од најнадежните норвешки фудбалери, Маркус Педерсен од Валеренга, реши да го прослави голот со симулирање на орален секс и извикувајќи „педери" кон навивачите на Стабаек.
Светската финансиска криза најверојатно го зафати и фудбалот. ФИФА соопшти дека бројот на трансферите во првите шест месеци во оваа година споредено со минатата опаднале за 9%, а клубовите потрошиле дури 34% помалку пари.
Бразилците добро се забавуваат во Лондон. Тие беа во центарот на вниманието во олимпиското село, а главната улога ја имаште Сандро од Тотенхем на гитара, пропратен од Нејмар, Марсело и Лукас.
19-годишниот Хуан Мануел Итурбе се смета за наследник на Лионел Меси, а тој го оправда овој епитет на пријателскиот натпревар на својот Порто против Селта.
Жоао Пауло од бразилската екипа Наутико на гостувањето кај Палмеирас го изведе најлошиот корнер оваа сезона. Или што би се рекло по нашки, „ја прати топката во пченките позади гол".
Вардарци од денес почнуваат да слават, а се надеваме дека славјето ќе продолжи и во среда со елиминацијата на Бате Борисов. На денешен ден во 1947-та година е формиран ФК Вардар, најпознатиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб.
Македонскиот фудбалски шампион доколку успее да го елиминира белорускиот Бате Борисов, во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Скендербеу и Дебрецин.
Во изминативе години фудбалерите од Италија се селеа во англиската Премиер лига и шпанската Примера, но кога ѕвездите почнуваат да се одлеваат во Франција, тогаш нешто не е во ред со Серија А.
Европското првенство во Полска и Украина веќе одамна заврши, па аналитичарите имаа време да ги сумираат статистиките и да заклучат нешто што одамна го знаеме - подобриот не победува секогаш.