Фудбалскиот клуб Политехника од Темишвар беше оформен во 1921-та година. Во својата историја има освоено два романски купови, во два наврати беше вице-шампион на Романија, а неколку сезони се натпреваруваше и во групната фаза од Лига Европа.
Во сезоната 2010-2011 Политехника заврши на втората позиција во Романија, но федерацијата не им издаде лиценца и тие по административен пат беа префрлени во втората лига. Следната сезона клубот експресно се избори за пласман во првата лига, но федерацијата повторно не им ја издаде лиценцата по што клубот беше расформиран.
Управата на клубот реши да го купи второлигашот Рекаш и да го префрли во нивниот град со име АЦС Поли, но навивачите не ја прифатија нивната одлука. Тие си оформија свој клуб, АСУ Политехника и започнаа да се натпреваруваат во 5-та романска лига.
Навивачите на Политехника кои до претходната сезона ги полнеа големите големите стадиони низ Романија, сега шетаат по околните села да го бодрат својот клуб во локалната лига.
А на домашен терен прават вистински спектакл: