Синоќешното финале од мексиканскиот футсал куп влезе во историјата на фудбалот. Овој натпревар на кој настапија многу поранешни фудбалски ѕвезди кои во залезот на нивната кариера се префрлаат од голем на мал фудбал, е првиот натпревар на кој судиите наместо нормални картони користеа мобилен телефон.
Судиите го користеа Самсунг Галакси С3 и апликацијата Referee Pro. Тоа е апликација за смартфон со која наместо досегашното запишување со пенкало на картоните, судиите многу полесно ќе можат да си ги забележуваат сите настани на мобилниот телефон.
Апликацијата може да се поврзе со Твитер профил, па гледачите на стадионите, но и оние кои не се таму, ќе можат да преку интернет да следат што има внесено судијата во својот бележник.
Звучи интересно, но не ни е јасно како гледачите на големи стадиони ќе можат да видат каков картон покажал судијата?