Англиската телевизија БиБиСи секоја година го избира најубавиот гол на сезоната во англискиот фудбал. Првото издание беше во далечната 1970/71, а тоа признание без конкуренција му припадна на Ерни Хант од Ковентри за голот постигнат на натпреварот против Евертон.