Марио Балотели официјално станува миланска четириеспетка и ќе заработува 4 милиони годишно. За тоа колку гласови ќе му донесат на Берлускони дваесетте милиони инвестирани во Балотели, пишува нашиот специјален дописник од Италија, Емили.
По интересен натпревар исполнет со голем број шанси на двете страни, Реал Мадрид И Барселона одиграа 1:1 на првиот полуфинален натпревар од шпанскиот куп. Барселона имаше шанси да го нокаутира Реал, но домаќините во финишот израмнија преку Варан.
Одбранбениот играч на Барселона доби вистинска лекција во играта ФИФА 2013 од светскиот шампион Алфонсо Рамос кој настапи со тимот на Реал Мадрид, а Пике се разбира ја одбра екипата каде што настапува. Конечниот резултат заврши 3:1 за Кралевите.
Фудбалерите на Мали ги израдуваа граѓаните на оваа афричка земја која долги години е погодена од воени конфликти, а поранешниот член на Барселона, Сејду Кеита се понуди да ги плати бонусите ако се пласираат во полуфиналето на АКН.
И покрај огромните финансиски проблеми, малите клубови од островот не се даваат на теренот. Таков беше случајот со изненадувањето на четвртолигашот Бредфорд кој успеа да се пласира во финалето на Лига Купот, како и сензацијата која третолигашот Олдам му ја приреди на Луверпул во ФА Купот.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски во интервју за вебстраната на УЕФА ги истакна квалитетите на националниот тим и промените во играта откако тој е на кормилото на репрезентацијата.
Њукасл конечно победи по пауза од еден месец. Тие славеа на гостувањето кај Астон Вила со 1:2, а вториот погодок беше ремек-дело на Јоан Кабај и гол со кој францускиот интернационалец си се кандидираше за гол на сезоната во Премиер лигата.
Оваа недела најбизарниот црвен картон беше покажан во Холандија и тоа заради заплеткани врвки од копачките на Санхариб Малки од Рода и Мајк ван Дуинен од АДО Ден Хаг. Заради овој „дуел", судијата го исклучи гостинскиот фудбалер Малки.
Македонскиот репрезентативец Николче Новески веќе подолго време е еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата, а како потврда за неговата одлична форма оваа недела повеќе медиуми го сместија во тимот на колото во Европа.
Навивачите на холандскиот клуб ја демонстрираа најкреативната идеја во чест на својот омилен тим. Феенорд е формиран во 1908 година, а на неделното дерби против Твенте го одигра 1908 натпревар во првенствотo. На платно со димензии 45x10 најверните фанови ги испишаа сите досегашни 1907 резултати.
Според најпознатиот француски фудбалски магазин „Франс Фудбал", богатата земја која почна да инвестира енормни суми на пари во спортот, успеала да ги потплати членовите на Извршниот Комитет на ФИФА и со тоа да стане земја домаќин на Мундијалот во 2022-та година.
Модниот дизајнер од Гана кој беше најавен како екстра засилување за македонскиот фудбалски шампион, Осеи Кофи си замина од ФК Вардар, а луѓето од нашиот најтрофеен клуб сакаат што е можно побргу да го заборават и избришат неговото име.
Бразилецот Елтон кој настапува за тимот на Ал Фатех, со фантастичен погодок кој наликува на “сув лист“ ги постави конечните 3:3 на дерби пресметката во Саудиска Арабија, против екипата на Ал Ахил.
Уште еден голман ни покажа дека тие не служат само за чување на голот, туку знаат и да ја затресат противничката мрежа, посебно ако имаат несмасен колега на спротивната страна. Последниот голман мајсториште се вика Тасос Христопулос и брани за Еникос Мелигала во 4-та грчка лига.
Играчите на Обединетите Арапски Емирати можат да бидат пресреќни што ги бранат боите на својата земја. За победата во финалето против Ирак во Гулф Купот, тие заедно со стручниот штаб ќе поделат награда од неверојатни 37 милиони долари.
Фудбалерите на Ал Ахин при водството од 2:0 против тимот на Ајман, во 87 минута почнаа да го вежбаа на теренот она што го подготвувале на тренинг. Популарниот тики-така неодамна им успеа и на талентираните јуниорски фудбалери на грчкиот тим Јанина.
Екипата на Манчестер Јунајтед предовдена од „убиствената" напаѓачка четворка Јорк-Кол-Шерингем-Солскјер растураше кон крајот на 90-те, а денес Фергусон има нова четворка за која тој тврди дека се најдобрите напаѓачи кои тој некогаш ги имал.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го соопшти списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на пријателскиот натпревар против Данска.
Зоолошката градина од Ротердам е нов спонзор на фудбалскиот клуб Ротердам и за да го одбележат новото партнерство тие снимија одлична реклама во која главната улога ја има пензионираната легенда на холандскиот фудбал, Џовани ван Бронкхорст.
Исто како и на Ел Класико, со полн стадион, возбудувања, црвен картон, четири голови... помина и мини класикото помеѓу вторите тимови на Барселона и Реал Мадрид.
Со победата над Северна Кореја по изведувањето на пенали, репрезентацијата на Шведска ја презеде титулата и стана неофицијален фудбалски шампион на светот.