Фудбал

Како Реал и Барселона потрошија 1,6 милијарди евра за една деценија

Големите шпански ривали владеат на пазарот зa играчи, купуваат кого сакаат и колку сакаат и не знаат за штедење. Ова важи посебно за „Кралскиот тим" кој во последната деката потрошил 300 милиони евра за засилувања повеќе од Барса.

Јапонскиот фудбалер кој не знае за доста

Секоја чест за Занети и Гигс кои се уште се активни фудбалери, а годинава ќе наполнат по 40 години, но ти се млади во споредба со човекот од Јапонија кој нема намера да престане со фудбалот. Се вика Казујоши Миура, роден е во 1967 година и настапува во втората јапонска лига.

Офсајд лик на неделата: Денис Ердман

Фудбалерот Денис Ермдан бил мета на голем сеир од страна на неговите соиграчи, а сега е и наш офсајд лик на неделата.

Новата ѕвезда на Барселона под специјален режим пред дебито

Клупскиот доктор на Каталонскиот тим, Данил Медина го посети Нејмар во Бразил каде ги оперираше крајниците, а отпатува со целосна програма со која младиот напаѓач треба да биде во топ форма пред првиот меч на 2 август кој ќе го игра против неговиот довчерашен клуб Сантос.

Сајтот на Тотенхем не го издржа трансферот на Паулињо

Тотенхем потроши 20 милиони евра за Бразилецот Паулињо, но најверојатно треба да вложат уште некое евро за нов сервер за нивниот вебсајт.

Навивачите на Лацио продолжуваат да ја тролаат Рома

И за време на летниот период кога паузира фудбалот во Серија А, навивачите на Лацио си наоѓаат активности за да не им биде досадно. Откако минатиот месец „ја погребаа" Рома, сега ги тролаа ривалите со порака од авион.

Како Мојс стана тренер на Манчестер Јунајтед

Дејвид Мојс го откри текот на настаните и деталите за начинот на кој тој стана менаџер на англискиот шампион и начинот на кој Алекс Фергусон му соопштил дека токму тој е неговиот наследник.

Политиката ги подели бразилските фудбалски легенди

Помеѓу Купот на конфедерациите и Светското првенство не стивнува револтот на Бразилците против огромните трошоци за организацијата на овие натпреварувања додека во земјата владее голема сиромаштија. На страната на демонстрантите застана Ромарио и Ривалдо, а на спротивната се Бебето, Роналдо и Пеле.

Цветниот дрес на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд го претстави новиот дрес на иновативен начин. Дресот е направен од 80.645 цвеќиња колку што е и капацитетот на нивниот стадион.

Муслиманите кои ја променија културата во англискиот фудбал

Кога во 1992 година се оформи Премиер лигата, единствен фудбалер кој и припаѓаше на исламската вера беше Наим кој настапуваше за Тотенхем. Во моментов таа бројка изнесува 40, а нивното влијание е доста значително во клубовите каде што настапуваат.

Рибери шегаџијата

Познат е фудбалерот на Баерн Минхен по вакви работи. Неговата најголема лудост е кога стоеше во излог на еден бутик и ги плашеше минувачите. Сега со помош на својот помлад колега Диего Контенто, му направија една стара маалска финта на физиотерапевтот.

Шпанија со закон против Реал Мадрид и Барселона

Шпанската влада планира да изгласа нов закон со кој фудбалската лига ќе има контрола над колективната продажба на телевизиските права со што ќе се подобрат клупските финансии и ќе се зголеми конкурентноста.

Младите Шпанци ги бива за слободни удари

Членовите на младинската репрезентација на Шпанија, Пако Аласер и Жерар Делофеу на тренинг за време на Светското првенство за фудбалери до 20 години ги покажаа своите вештини во изведување на слободни удари.

Роналдињо со обезбедување изведува корнер

Иако на видеото се гледа дека ниту еден навивач на Олд Бојс не се ни обиде да фрли некаков предмет врз него, бразилската ѕвезда за секој случај си доби максимална заштита за време на изведувањето на корнерот на меч од Копа Либертадорес.

Најдобрите 100 асистенции во сезоната

Мината сезона видовме многу убави погодоци, но и повеќе добри асистенции на голови. Ова се најдобрите 100 асистенции за сезоната 2012/13.

Аргентина и Уругвај домаќини на СП 2030?

ФИФА има голема желба да го организира Светското првенство во 2030-та година во земјата каде пред 100 години се одиграл првиот Мундијал - Уругвај и во соседната Аргентина.

ФИФА го награди па го казни Камерун

Светската фудбалска федерација (ФИФА) му подари на Камерун службени поени од натпреварот против Того, но може да им бидат за џабе затоа што неколку минути подоцна тие целосно ја суспендираа нивната фудбалска федерација.

Поранешен премиерлигаш ќе игра на стадион колку „Тумбе кафе“

Не се работи за некој гигант на европскиот фудбал, но фудбалот во Англија е како религија и во најниските лиги. Навивачите и неколку поранешни играчи на Ковентри жестоко реагираа по одлуката клубот да ги игра натпреварите од наредната сезона во друг град на само 20 км оддалеченост.

ФИФА повторно го казни Ирак

Светската куќа на фудбалот и донесе забрана на Ирачката фудбалска федерација за организирање на пријателски фудбалски интернационални натпревари од безбедносни причини.

Корејски ферплеј

Во последно време се почесто сме сведоци на неспортско однесување на фудбалските терени, па убаво е кога ќе видиме ваква фер-плеј сцена како во последното коло од корејската лига.

Нејмар и Меси не можат вака

Ни Роналдињо, ни Нејмар, ни Меси! Никој не може вака да дрибла. Ниту еден фудбалер не царува со топката на овој начин.

Фудбалерот кој местел натпревари, пиел, се тепал, но не меркал други жени

Никако да слушнеме исповед на некој наш поранешен спортист за некои недозволени активности кои ги правел во текот на кариерата. Овој фудбалер од Уругвај кој настапувал во Јувентус нема проблем со тоа и доста искрено во детали ги раскажува пикантериите.

Лудориите од Светското младинско првенство

Светското првенство за фудбалери до 20 години беше чудно уште пред неговиот почеток со тоа што за прв пат во историјата не се квалификуваа најуспешните Бразил и Аргентина, а во текот на првенството се случија уште лудории.

Пад од 14 позиции на фудбалската репрезентација

По скокот од 6 позиции остварен минатиот месец, фудбалската репрезентација на Македонија на последното рангирање на ФИФА листата забележа вртоглав пад од 14 позиции.