Репрезентацијата на Бразил ја надигра Шпанија и стана прв фаворит за освојување на Светското првенство следната година, но ако и веруваме на историјата, џабе ќе им биде тоа што се најдобри и што се домаќини затоа што победникот на Купот на конфедерациите никогаш не го освојува Мундијалот.
Признанието за офсајд лик на неделата му го доделуваме на фудбалерот на Тотенхем, Емануел Адебајор за неговиот погрешен начин на донирање пари за сирачиња во Того.
Долгото лето за фудбалските ѕвезди од островот е одлична можност за пат околу светот и одржување на турнеја во далечните дестинации како Хонг Конг, Бангкок, Куала Лумпур и уште ред други места претежно во азиските земји. Целта е да ја одржуваат формата и истовремено да го шират својот бренд.
Бразилец од младинскиот погон на Реал Мадрид на својот Твитер профил го исмевал Касиљас и шпанската репрезентација, па неговиот клуб реши да не му го продолжи договорот.
Според истражувањето на шпанскиот весник AS, најантипатичен тим за Шпанците и натаму е Реал Мадрид, а нивниот ривал Барселона води според популарноста.
Новите соиграчи Лионел Меси и Нејмар одиграа еден против друг на пријателски натпревар во главниот град на Перу. Меси и пријателите го победија тимот на светот, но шоуто го украде Нејмар.
Од година во година според пресметките направени за 12 сезони, клубовите во една од најквалитетните лиги во светот се повеќе се задолжуваат. Најзагрижувачки е растот на долговите во последните 3 сезони во шпанското првенство кои драстично пораснале и изнесуваат 3,5 милијарди евра.
Група навивачи од Данска и Шведска изгледа немаат попаметна работа па си закажаа ферка на сред улица. Во темни маици од едната страна нападнаа фанови на второлигашки клуб од Гетеборг, а во црвена боја групата е измешана со навивачи на Конепхаген и Хелсинборг.
Бразилците ја растурија Шпанија и ја прекинаа нивната доминација, тука нема дилема. Но еден бразилски весник веројатно завршил на уредување кај навивачите.
Додека Бразилците беснеат по улиците, првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер прави сублимат од двонеделниот фудбалски турнир, а истовремено се обидува да ги привлече повеќе да мислат на фудбалот нудејќи им најевтини влезници за Мундијалот.
Фудбалерот на Сан Хозе, Марвин Чавез на натпреварот против ЛА Галакси во американската МЛС лига, не само што го седна на земја противничкиот фудбалер Де Ла Гарза, туку и подзастана за да му се изнасмее.
Започнува европската одисеја на македонските фудбалски клубови, односно натпреварувањата од каде што тие можат да извадат цели буџети, но најчесто завршуваат со минималната сумa од солидарниот фонд на УЕФА.
Стариот лисец Фергусон ретко грешеше во проценките со талентите кои ги носеше во својот тим, но понекогаш и најдобрите знаат да погрешат. Тие што впрочем беа и најголеми промашувања во нападот на „Црвените Ѓаволи" веднаш си го загубија статусот во тимот.
Домаќинот на Светското фудбалско првенство во 2010 година неочекувано се врати во живот и има уште шанса за пласман на Мундијалот во Бразил благодарение на глупата грешка на Етиопија.
Додека во околината на Маракана се одржуваа големи протести, а на теренот се подготвуваа за финалето на Купот на конфедерациите, двајца демонстранти успеаа да се провлечат на теренот како дел од кореографијата со транспарент „Итно откажување на приватизацијата на Маракана".
Луѓето неодамна смислија нов начин како да одиграат една партија фудбал, но сега тоа задоволство им го пропуштија и на роботите кои одржаа Светско првенство во Ајндховен.
На 1 јули во 2003-та година од никаде се појави еден тивок Русин со желба да купи фудбалски клуб. Десет години подоцна, не само што тој стана еден од најуспешните газди, Роман Абрамович го смени фудбалот во Англија и Европа.
Дефанзивецот на Каљари, Давиде Астори кој само ја допре топката на гол линијата за водство на Италија против Уругвај се радуваше како мало дете за својот деби репрезентативен гол, а за тоа е заслужна и новата видео технологија.
Најдобрата репрезентација во историјата го победи моментално најдобриот национален тим (според ФИФА листата) во финалето на Купот на конфедерациите, натпреварување кое ќе остане запаметено по убавиот фудбал и прекрасните голови постигнати од слободни удари.