Фудбал

Морбиден протест и во Италија

Националните првенства привршуваат, а тимовите со најмалку бодови во последните кола водат жестоки битки за да не испаднат во пониска лига и да ги изнервираат навивачите. По Србите и Бугарите, фудбалското игралиште во гробишта го претворија и ултрас навивачите на Асколи.

Фудбал во место

Се, само во трета лига не. Еве како за тоа на мирољубив начин се изборија фудбалерите на Барнсли и Хадерсфилд на кои во последното коло им беше доволно реми за останување во англиската Чемпионшип лига.

Сам на гостување

Љубовта кон својот клуб се докажува и со бодрење на гостувањата, а верноста нема граници кога на стотици километри од дома сте единствен навивач на гостинската трибина. По навивачот на Бромапојкарна, викендов тоа го сторија и руски и италијански навивачи.

Клоп учел од Милан на Ариго Саки

Целиот свет зборува за успехот на Јирген Клоп со Борусија Дортмунд, а скромниот германски тренер веднаш по пласманот во финалето на Лигата на шампиони го поздрави својот идол Ариго Саки.

Чемпионшипот е најлуда лига оваа сезона

И додека скоро сите поголеми лиги веќе одамна се решени, во англискиот Чемпионшип до последни секунди екипите се бореа за пласман во Премиер лигата и за избегнување на третата лига.

Голови на неделата

Редовниот преглед со најдобрите десет голови од изминатите седум денови овој пат ги содржи и мајсториите на Меси, Шахин, Луиз...

Стадионите некогаш

Ви претставуваме историски слики со дел од стадионите од земјата од каде што потекнува фудбалот. На почеток немало ниту седишта, па навивачите биле збиени како сардини. Но како што ви е познато, по трагедиите на стадионите Хилсброу и Хејсел, челичната Маргарет Тачер забрани стоење.

Обезбедувањето на Челси 12 играч

Нетипична е оваа ситуација во фудбалот која се случи на вчерашниот полуфинален меч од Лигата на Европа помеѓу Челси и Базел. Еден по еден, мртви ладни, редарите си поминуваа покрај корнер знаменцето, без око да им трепне дека го кочат мечот.

11 (про)тези за германското финале

Ахмед Буриќ, редовен колумнист на Радио Сараево, парафразирајќи ги „11-те тези за Фоербах" од Маркс, раскажува зошто германското финале на Лигата на шампиони е мерак за сите кои се умориле од денешниот распоред на фудбалската (не)правда на овој свет.

Челси и Бенфика финалисти во Амстердам

Португалскиот претставник успеа да ја анулира предноста на Турците од првиот дуел и со 3:1 славеше во Лисабон за пласман во финале кое се игра на 15 мај. Со идентичен резултат заврши и средбата во Лондон, каде составот на Базел поведе прв и се обиде да го изненади актуелниот европски првак.

Зошто вакви?

Идејата за дизајнот е на Пума, а храброста да ги облече е на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Се зборува дека со исти вакви копачки на тренинг парадирал и Радамел Фалкао, а и двајцата ќе ги носат на следните натпревари.

Рибери со навивачки синдром

Најголемите и најупорните навивачи често пати сакаат радоста за победата да ја споделат од близу со своите омилени играчи, но можноста за такво нешто е ретка. Погледнете како Франк Рибери со раширени раце пречека еден од навивачите на Баерн, кој потоа доби гушка од речиси сите херои кои ја урнаа Барселона.

Тоти и неговиот најверен навивач

Римското дерби е посебен меч за Лацио и Рома и нивните навивачи. Еве како се подготвуваа капитенот на „Римската волчица“ Франческо Тоти и големиот фан Пепе на 8 април годинава пред одигрувањето на вечното дерби.

Исполнување на еден сон

3.000 навивачи присуствуваа на натпревар на фудбалскиот клуб Портланд Тимберс против екипата „Зелена машина" предводена од 8-годишно дете кое боледува од рак.

Челси е најблиску до финале

Минатогодишниот освојувач на Лигата на шампионите има значајна предност од првиот полуфинален дуел во Швајцарија со 2:1. На другиот меч турскиот претставник ќе се обиде да го одбрани минималното водство на гостувањето во Португалија.

По трагите на татковците на фудбалот

Во 1863-та година осум мажи во еден паб во Лондон ги напишале првите 13 правила на фудбалот. 150 години подоцна, како дел од прославата на Фудбалската асоцијација, Англичаните започнаа потрага за живите наследници на татковците на фудбалот.

Бугарите и Србите копаат гробови по рецептот на Комити

Минатата недела навивачите на српскиот третолигаш Мачва Шабац, а пред два дена и навивачите на ЦСКА од Софија провалија на нивните стадиони и ископаа гробови на терените како што во 2007-та година тоа го сторија Комитите.

Германски сеир за Шпанците

Реал Мадрид и Барселона не само што беа елиминирани, туку беа и целосно надиграни од Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, па сосема заслужено Германците сега можат да им удрат и еден добар сеир.

Баерн и на „Камп Ноу“ како дома

Германската машинерија повторно ја посрамоти Барселона и со вкупен резултат од 7:0 го елиминираше шпанскиот гигант кој беше тотално немоќен и пред своите навивачи. За прв во историјата на Лигата на шампионите ќе гледаме германско финале.

Пирова победа на Реал, Борусија е финалист!

Борусија Дортмунд е првиот финалист во Лигата на шампиони. Реал Мадрид извојува пирова победа од 2:0 и Германците со вкупни 4:3 се пласираа во финалето од најелитното европско клупско натпреварување кое ќе се одигра на 25 мај на Вембли.

Меси има проблеми со комшиите

Ѕвездата на Барселона не можел повеќе да ја поднесе гужвата која се создавала околу неговата куќа и проблемот одлучил да го реши со купување на соседната куќа каде често пати се мотале разни фаци.

Бразилска селска лига бетер и од нашата

Сето ова што ќе ви го раскажеме се случи во финале на Куп во аматерска бразилска лига. Најпрвин се создаде гужва која судијата ја расчисти со два црвени картони, од кој вториот си го заработи тренерот. Играчите почнаа да го бркаат главниот судија, а тренерот го грабна за врат. Потоа линискиот судија ни крив ни должен доби камен во тело и мало освежување со вода.