Фудбал

Џон Ленон и Мајкл Џексон за 4:0

Не е шега, навистина постојат овие двајца фудбалери кои летово потпишаа за бразилскиот второлигаш Атлетико. Стрелецот на голот Џон Ленон Силва Сантос го добил името по желба на родителите кои биле големи фанови на Битлси, а асистентот Карлос Адријано де Соуза Круз е познат по својот прекар Мајкл Џексон. Ако не ни верувате слушнете ги коментаторите.

Болниците од Мадрид во војна за Бејл

Герет Бејл уште пред да го стави потписот на договорот со Реал Мадрид си заработи 10 милиони фунти и тоа од болница само за да го направи медицинскиот преглед во нивните простории.

Судиски „грабеж“

Уште еден судија на кого ќе му дадеме упат за на очно за да си го провери видот. Судијата на натпреварот од втората белгиска лига помеѓу Ројал Антверп и Гел, им подари пенал на гостинските фудбалери во последните моменти од продолжението. Бонус - голчиштето на домаќините.

Со “паркиран автобус“ пред гол до најмногу успеси

Оваа дефанзивна тактика од едно македонско село која на сличен начин ја применува и Жозе Мурињо не изгледа убаво за око, а најмногу ја мразат навивачите кои сакаат да гледаат отворен фудбал со многу голови. Но „специјалниот" со неа стана најдобар стратег на „Стенфорд Бриџ".

Блатер се исплаши од кратење на плата

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер ги критикуваше плановите за лимитирање на платите во Швајцарија, закон кој директно ќе влијае и на неговата плата.

Поштига и Коне во ист стил

Елдер Поштига од Валенсија на натпреварот против Барселона и Панајотис Коне од Болоња на мечот против Сампдорија постигнаа исти голчишта.

Најголемиот малер стана најскап фудбалер во историјата

Само четири години откако Тотенхем се обидуваше да се ослободи од пропаднатиот талент кој беше и најголем лузер во Премиер лигата, Герет Бејл направи рекорден трансфер во Реал Мадрид и стана најскап играч во историјата на фудбалот.

Фудбалер со промашена професија

Австралиецот Лук Гаучи не успеал во рагби, па решил да се проба во фудбалот. Но старите навики му останале, па го нокаутираше противничкиот фудбалер кој заврши со скршена вилица. Во фудбалот залутал и судијата кој за овој старт му покажа само жолт картон.

Стадионот на Шалке преплавен со македонски знамиња

По инцидентот на натпреварот против ПАОК, навивачите на Шалке на натпреварот против Баер Леверкузен ја преплавија Фелтинс арената со знамиња со сонцето од Кутлеш.

Мапа на нациите во ЛШ

Откако се дознаа сите учесници во Лигата на шампиони, инспирирани од мапата на нациите во Премиер лигата и следејќи го нашиот пример со мапата за македонската Прва фудбалска лига, некој ја направи и мапата на нациите претставени во Лигата на шампиони.

Копенхаген не им дозволува на странците да го гледаат во ЛШ

Шампионот на Данска кој на завчерашното извлекување на ждрепката во Монако се најде во Б групата од Лигата на шампионите заедно со Реал Мадрид, Јувентус и Галатасарај предизвика скандал во Данска и ги навреди навивачите од другите националности.

Европскиот шампион ја потврди доминацијата и во Супер Купот

Фудбалерите на Баерн Минхен кои до 120 минута беа на прагот на пораз, го однесоа финалето од Европскиот Супер Куп на пенали со гол во последните мигови од средбата, израмнувајќи на 2:2. Лукаку беше единствениот фудбалер кој промаши од 11 метри, а тоа значеше прва титула за Пеп Гвардиола во новата ера во Минхен.

Платини со поддршка за оформувањето на Балканска лига

Минатата година во Будва претседателите на фудбалските федерации од поранешните југословенски републики одржаа состанок на кој разговараа за формирање на Балканска лига која би стартувала во 2015 година, а идејата јавно ја поддржува и првиот човек на УЕФА.

Како се љуби аматерски четвртолигаш

За Тарту Велко Електер сигурно слушате прв пат затоа што се работи за аматерски фудбалски клуб кој се натпреварува во четвртата лига во Естонија. Оформен е од страна на студенти пред 5 години, а почнал да се натпреварува во најнизок ранг, а тоа е шестата лига.

Премиер лигата ќе го сруши рекордот во трошење пари

На неколку денови до затворање на трансфер периодот, клубовите од Премиер лигата се на добар пат да го срушат рекордот во трошење на пари за нови фудбалери.

Тифо Space Invaders

Навивачите на францускиот второлигаш Ленс на натпреварот против Бастија го одбележаа почетокот на новата сезона со одлична кореографија со мотива од играта Space Invaders.

Ибраими против Трајковски во Лигата на Европа

По вчерашната ждрепка во Лигата на шампионите каде Пандев и Георгиевски ги добија своите противници, денешната ждредпка во Монако за второто по ранг клупско европско натпреварување ни донесе “македонска“ пресметка во групата Д каде ќе се сретнат Марибор и Зулте.

Мурињо и Гвардиола повторно на мегдан

Двајцата довчерашни ривали во шпанскиот фудбал немаат никаков допринес за патот на Челси и Баерн Минхен до финалето на Супер Купот во Прага, но судбината сакаше токму тие двајца да ги одмерат силите како нови стратези на освојувачите на двете клупски европски натпреварувања.

Бизарни кражби на пенал точки во Белгија

Неверојатна сторија пристигна од Белгија каде фудбалски клубови пријавуваат кражба на белите точки од нивните терени.

Билал Јусуф Мохамед избран за најдобар играч во Европа

"Scarface", "Franck N Stein", "Ferraribery" или човекот познат по името Билал Јусуф Мохамед откако стана муслиман, ги победи Лионел Меси и Кристијанот Роналдо при изборот за најдобар фудбалер во Европа.

Пандев против Арсенал и Борусија, Георгиевски против Челси и Шалке

На денешната ждрепка во Монако беа извлечени 8 групи во кои се најдоа најдобрите 32 екипи во новата сезона од најквалитетното клупско европско натпреварување. Нашите претставници Горан Пандев и Даниел Георгиевски се пред тежок испит со своите екипи.

УЕФА ќе казнува за колење овци

Екипата на Шахтар Караганди по сензационалните 2:0 на првиот квалификациски меч од Лигата на шампионите против Селтик, загуби на реваншот со 3:0. Покрај од групната фаза на ова натпреварување Казахстанците ќе мора да се простат и од нивната традиција кога ќе играат во Европа.

Волеј на денот

Уругваецот Хуан Мануел Оливеира од бразилскиот клуб Наутико го заслужи признанието за „без да тапне“ гол на денот.

Доби црвен картон но спаси човечки живот

Исклучувањето на голман за време на аматерски натпревар во Англија на крајот резултираше со спасување на човечки живот кој имал инфаркт на трибините.