Бразилецот Хјури имаше деби од соништата за екипата на Ботафого со два погодоци против Коритиба, а при постигнувањето на вториот гол, тој направи вистински дар-мар низ противничката одбана.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул кој во моментов настапува во турскиот клуб Касимпаша, Рајан Бабел на својот Инстаграм профил објави фотографија од погледот на Истанбул од неговиот апартман.
Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито го обвини агентот на турскиот напаѓач Јилмаз за пропаѓањето на трансферот со образложение дека го уценил со 2 милиони евра. Случајот го пријавил кај првиот човек на УЕФА, а навивачите се подготвуваат за протести поради лошата трансфер политика на клубот.
Селекторот на нашиот национален фудбалски тим нема две тактики во случај Велшаните да настапат со или без човекот за кој Реал плати 100 милиони евра, но изјави дека многу е важно да не му оставаат многу слободен простор и постојано да го превземаат во одбраната.
Сопствениците на ресторан во Лондон најдоа начин како да ги утешат разочараните навивачите на Тотехнем. Тие ќе даваат бесплатни хамбургери за сите оние кои ќе им ги донесат дресовите на Герет Бејл.
Жозе Мурињо потпиша договор со траење од една година за Фулам. Синот на тренерот на Челси чие цело име е Жозе Марио Мурињо Џуниор ќе го брани голот на екипата на Фулам до 14 години.
Европската куќа на фудбалот може да се пофали со доста солидни бројки откако го воведе новото правило за штедење на клубовите. Загубите на европските екипи по воведувањето на фер плејот за трошење пари се намалиле за дури 600 милиони евра.
Атрактивниот гол со ножички на Дејан Блажевски од Турново веднаш се најде на порталите каде можеме да ги видиме најубавите голови од сите лиги во светот. Воодушевен од оваа мајсторија против Еуромилк, Педро од Барселона почна истото да го вежба на тренинг.
Еден од најпознатите фудбалски колективи од Холандија и клубот кој беше скалило во кариерите на Руд Гулит, Ромарио, Роналдо и Руд ван Нистелрој, Спортскиот клуб Филипс или познат како ПСВ Ајндховен прослави 100 години од постоењето.
Фудбалскиот клуб Ајакс е познат „расадник" на таленти, а еден од нив е и Србинот Дејан Мелег кој на натпреварот за младинскиот тим против врсниците од ПСВ постигна по неговата лудорија со петица.
Немаше воопшто да се зачудиме ако ова се случеше во некој македонски клуб, но ете, грешат и големите. Мбаје Нијанг нема да игра во Лигата на шампиони заради грешка на администрацијата на Милан.
Мислите дека имате лош ден или лоша недела на работа? А што да каже Хуан Флорес за кого на сајтов пишуваме почесто од Величе Шумуликоски? Перуанскиот голман е навистина за жалење.
Во 1905 година најскапиот фудбалер бил Алф Комон кој направил трансфер од 1000 фунти, по дури 70 години Јохан Кројф прави трансфер за неполни 1 милион фунти, а овие денови вистински хит е рекордот на Герет Бејл кој се продаде за 86 пати повеќе од холандската легенда.
Челниците на фудбалската лига на Ирска им се заканија на фудбалерите, резервите и тренерите дека ќе заработат исклучување ако бидат фатени дека уринираат на терен.
За трансферите на Фелаини во Манчестер Јунајтед и Озил во Арсенал кои во 5 до 12 го засилија средниот ред на Олд Трафорд и Емирати веќе знаете. Но пазете сега што се крие зад овие нови имиња кои ќе бидат дел од најелитната англиска лига во новата сезона.
Во летниот дел од трансфер пазарот се направија голем број на зделки и се срушија многу рекорди, а од имињата кои го одбележаа овој период може да се состави и идеален тим за кој бо сонувал секој тренер.
Од година во година издвојувајќи астрономски суми за засилувања, Реал Мадрид кој не знае што е тоа финансиска криза, со потпишувањето на Герет Бејл стигна и до „стотката" која ја потроши само за еден играч. На листата на најскапи трансфери тие остварија пет од најскапите седум во историјата.
Левокрилниот ирачки дефанзивец од турската екипа Ризеспор, 19-годишниот Али Аднан постигна прекрасен гол на натпреварот против Кајзери Ерчијеспор. Не за џабе турските медиуми му го дадоа прекарот „Азискиот Герет Бејл".
Бразилскиот ас Кака нема да остане запаметен на Сантијаго Бернабе по неговите настапи, туку како неуспешен дел од скапиот шопинг на Флорентино Перез кој во својот втор мандат во летото 2009 потроши 250 милиони евра за засилувања.
Не е шега, навистина постојат овие двајца фудбалери кои летово потпишаа за бразилскиот второлигаш Атлетико. Стрелецот на голот Џон Ленон Силва Сантос го добил името по желба на родителите кои биле големи фанови на Битлси, а асистентот Карлос Адријано де Соуза Круз е познат по својот прекар Мајкл Џексон. Ако не ни верувате слушнете ги коментаторите.