Тренер во Премиер лигата преку оглас во весник

Фудбалскиот клуб Кристал Палас е закован на последното место во Премиер лигата, нема тренер, а нема ни заинтересирани кои сакаат да го преземат кормилото на бродот што тоне, па очајните навивачи решија да се пошегуваат малку на сметка на својот клуб.

По 11 одиграни кола во Премиер лигата, Кристал Палас забележа само една победа и еднаш одигра нерешено и со четири поени го држи фенерот во англиската елита.

Еден од нашите омилени ликови помеѓу тренерите во Англија (клик тука за да видите зошто) Јан Холовеј, го напушти клубот минатиот месец и веќе скоро месец дена Кристал Палас е без тренер.

Сепак Англичаните се познати по својот хумор, па и во оваа ситуација очајните навивачи на Кристал Палас решија да се пошегуваат со својот клуб. Тие објавија оглас во весник со кој бараат „Капетан на брод што тоне", а заинтересираните треба да испратат CV на адресата на клубот.

15 ноември 2013 - 08:56