Гол во мрежата на противникот во првата минута од натпреварот е огромна предност, а што да се каже за два гола за помалку од две минути? Некои фудбалери уште не беа ни загреани, а Саутемптон за 78 секунди успеа да даде два гола против Арсенал на натпревар од лигата за играчи до 18 години.