Бразилците се заситија од премногу фудбал

Кој би помислил дека Бразилците би можеле да протестираат против играњето фудбал? Ете и тоа се случи. Бразилските играчи се обединија во протестот против премногу фудбалски натпревари.

Фудбалерите на Крузеиро веќе почнаа да ја славата титулата во бразилското првенство и покрај тоа што математички се уште не им е обезбедена. На четири кола до крајот на првенството на екипата на Крузеиро и требаат уште три поени, па според нив, тие се 99,99% шампиони и започнаа со прославите.

Но нивната прослава вчера падна во сенка на протестот против премногу фудбал. Играчите, навивачите, па дури и ТВ коментаторите и застанаа со прекрстени раце во знак на протест за згуснатиот календар и големиот број на натпревари.

Фудбалерите на Сао Паоло и Фламенго си ја шутираа топката меѓу себе, додека пак на натпреварите помеѓи Крисиума и Атлетико Параненсе, како и Коритиба против Коринтијанс, откако судијата го започна натпреварот сите фудбалери застанаа на центарот.

Протестот го организираше унијата на бразилските фудбалери кој се залага за намалување на бројот на одиграни натпревари.

Бразилските клубови од јануари до мај играат во локални шампионати, некогаш и против аматерски екипи, а бразилската прва лига започнува од крајот на мај и трае до почетокот на декември. Сите екипи мора да играат со темпо недела-среда-недела, некои имаат натпревари од купот и континенталните првенства, а лигата нема пауза дури ни кога игра репрезентацијата.

14 ноември 2013 - 09:59