Во ноември 1996-та година, Грем Сунес го предводеше тимот на Саутемптон. Еден ден Сунес добил телефонски повик од Жорж Веа, еден од најдобрите африкански фудбалери и фудбалер на годината во тој период. Веа го убедил Сунес дека неговиот братучед Али Диа е репрезентативец на Сенегал и дека треба да добие шанса во тимот на Саутемптон. Сунес поверувал и го повикал на проба.
Проблемот е во тоа што телефонскиот повик не бил од Жорж Веа, туку од колега од факултет на Диа, а „фудбалерот" воопшто не бил репрезентативец на Сенегал, туку аматер кој рекреативно играл за клуб од осма по ранг лига во Англија.
Диа одржал еден тренинг со Саутемптон, а веќе следниот ден заради проблеми со повредени играчи Сунес го ставил и на клупата за резерви на натпреварот од Премиер лигата против Лидс.
Во 32-та минута од натпреварот, Мет Ле Тисие се повредил, а на негово место во игра влегол никој друг туку Али Диа.
Измамникот одиграл 53 минути, а потоа и самиот Сунес видел дека се работи за аматер и го повлекол од игра, а Ле Тисие по натпреварот изјави дека Диа на теренот изгледал како Бамби на мраз.
По неколку денови Диа добил отказ од Саутемптон. Таа сезона одиграл уште неколку натпревари за клуб од англиската шеста лига, по што му се губи трагата.