Според истражувањето на McAfee, обожавателите на Кристијано Роналдо кои го пребаруваат неговото име на интернет, имаат најголеми шанси да го заразат својот компјутер со вирус.
Ако пребарувате "Cristiano Ronaldo", "Cristiano Ronaldo download", "Cristiano Ronaldo photos" или "Cristiano Ronaldo videos", ризикувате да налетате на некој вирус кој може да ви ги украде личните информации.
Со само еден клик на сајтови за симнување на слики, вида, позадини или скринсејвери можат да донесат опасност вирус или малвер.
Роналдо има највисок ризик со 6,2%, а зад него се Златан Ибрахимовиќ со 5% и Стивен Џерард со 4,5%.
Италијанците доминираат во најопсната 11-ка која ја сочинуваат Џиџи Буфон (3,8%), Џорџо Киелини (3,7%), Марио Балотели (3,4%), Андреа Пирло (3,3%), Антонио Ди Натале (3,3%), Антонио Касано (3,1%) и Даниеле Де Роси (1,8%), а во овој „тим" има место и за Андриј Шевченко со ризик од 2,8%.
Франција и Португалија се највирусни национални тимови со ризик од по 7,1% проценти, а зад нив се Германија (5,4%), Англија (5,3%), Холандија (5,3%), Италија (5,2%) и Шпанија (4,1%).